Милкшејк од кафе, чоколадо и бадеми

Сподели

Автор: Тамара Дамескаrn

Реклама
Ако сакате своето утро да го започнете со поинакво кафе, тогаш ова е рецепт што нема да можете да го одбиете. Овој вегански милкшејк е идеален и како појадок и како алтернатива за вашето вообичаено кафе.
Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 60 г бадеми
  • rn011

  • 130 мл вода
  • rn011

  • 1 силно еспресо
  • rn011

  • 1 ½ лажица какао
  • rn011

  • 2 лажици јаворов сируп
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека сосема не се соединат. Ако сакате помазен напиток, процедете го низ газа. Сипете во чаша и пијте го така или прелијте го врз коцки мраз.

Овој милкшејк може да служи и како замена за млеко во вашите житарки.

Бадемовото млеко е одличен вегански напиток со малку јаглехидрати. Тоа не само што е полесно за варење, туку е и богато со протеини.

Рецептот можете да го направите и со други млека, од други ваши омилени зрнести плодови, на пример од печени пекани за побогат вкус или од макадамии за полесен и кремаст ефект.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира