Автор: Маја МиноскаrnrnПознато е дека повеќе недоразбирања настануваат во пишаната комуникација отколку во директниот контакт и телефонските разговори. Во време кога секојдневно ги користиме социјалните мрежи, добиваме имејлови и СМС-пораки, не ретко се случува да ни е потребно повеќе време да ја разбереме содржината, да избувнеме или да останеме збунети. Проблемот со пишаната комуникација е во недостигот на тоналитет. Без разлика колку е прецизна интерпункцијата, граматиката или општо – способноста да се структурираат речениците, доколку личноста не ве познава доволно, пораката лесно може да биде разбрана погрешно, но и вие погрешно да ја протолкувате туѓата порака.rnrn
rnrnБидејќи во пишаната комуникација недостасува говорот на телото, зборовите и симболите имаат голема моќ. Земете ги предвид овие совети доколку сакате да ги избегнете недоразбирањата:rn
Не претпоставувајте
rnИзбегнувајте да претпоставувате при пишување и читање. Индивидуалното толкување може да се разликува од вистинската содржина. Барајте јасност. Добијте повеќе информации пред да избрзате со донесување заклучок.rnrn
rn
Предноста на сомневањето
rnОставете простор за сомневање. Прочитајте го текстот повеќе пати, како би биле сигурни дека информациите ви се во целост јасни.rnrn
rn
Одлучете се за директна комуникација
rnДоколку се двоумите, контактирајте го директно авторот на пораката. Постои голема веројатност тој да не претпоставил како неговата порака можела да биде протолкувана.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.