Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

Погледнете дел од најмоќните феминистички цитати од познати жени кои ќе ве мотивираат да го дадете најдоброто од себе. Некои од нив се познати авторки, политички фигури или членови на феминистички движења, но без исклучок сите се храбри жени кои кажале што мислат, некогаш кажувајќи и шега за да ја доловат својата поента.

Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

„Вистината ќе ве ослободи, но прво ужасно ќе ве налути.“ – Глорија Стејнем (американска новинарка, позната како лидер на движењето на женското ослободување во 60-тите и 70-тите)

Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

„Секако дека не сум загрижена за тоа дали ги заплашувам мажите. Оние мажи кои би биле заплашени од мене се токму оние за кои немам никаков интерес.“ – Адичи Чимаманда (нигериска писателка)

„Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.“ – Маја Анџело (афро-американска поетеса, авторка, актерка и танчарка)

„Лично јас никогаш не сум можела точно да дефинирам што е феминизам, она што го знам е дека луѓето ми велат дека сум феминистка секогаш кога ги изразувам моите чувства кои прават да се разликувам од черга.“ – Ребека Вест (британска авторка, новинарка и критичарка)

„Сега како возрасна личност разбирам дека саботажата меѓу девојките е трето по ред најлошо женско однесување, веднаш по лигаво зборување и оставање на бебето во контејнер.“ – Тина Феј (американска актерка и комедијантка)

Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

„Кога мажот го кажува она што го мисли, тој е човек. Но, кога жената го кажува она што го мисли таа е кучка.“ – Бети Дејвис (американска актерка)

„Последно кога проверив, тоа колку една девојка има секс не ги оправдува валканите прекари кои ѝ се даваат.“ – Меги Ројер, поетеса

„Еднаш еден маж ми рече дека за жена, сум многу вообразена. Јас му реков ‘За маж, ти си некако некултурен.’“ – Ен Хатавеј

Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

„Жената е како ќесичка чај. Не знаеш колку е силна додека не ја ставиш во жешка вода.“ – Еленор Рузвелт

„Дали стварно верувате дека сè што историчарите ни кажуваат за мажите или за жените е навистина точно? Треба да го имате предвид фактот дека сето тоа било напишано од мажи, кои не би ја кажале вистината освен несакајќи.“ – Модерата Фонте (венецијанска писателка и поетеса од 16-ти век)

„Што и да одберете, по колку патишта да патувате, се надевам дека нема да одберете да бидете дама. Се надевам дека ќе најдете начин да ги прекршите правилата и да направите по некоја неволја. Исто, се надевам дека ќе одберете да направите некоја од тие неволји во корист на жените.“ – Нора Ефрон (американска новинарка)

„Единствената работа за која мажите не се квалификувани се инкубатори и доилки. Од друга страна пак, единствената работа за која жените не се квалификувани е донатор на сперма.“ – Вилма Скот Хајд, американска писателка

„Јас не сум дама. Јас сум член на Конгресот, и токму така и ќе продолжам.“ – Мери Нортон, првата жена од демократската партија, член на Конгресот

„Имам и мозок и матка, и ги користам и двете.“ – Патриша Шредер, првата жена од Колорадо, членка на Конгресот

„Тоа е исто како некој да рече ‘не верувам во автомобили, но возам автомобил секој ден и ми се допаѓа тоа што ме носи на разни места и ми го прави животот полесен и побрз и не знам што би правел без него.“ – Ејми Полер, американска актерка и комичарка (за жените кои се откажуваат од феминизмот)

Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар