Вљубеници во адреналинскиот авантуризам, го имаме вистинскиот предизвик за вас!

Вљубеници во адреналинскиот авантуризам, го имаме вистинскиот предизвик за вас!

Автор: Марија Митева

Ви се превртува ли стомакот од фотографијава?

1-vljubenici-vo-adrenalinskiot-avanturizam-go-imame-vistinskiot-predizvik-za-vas-lafepauza.mk

Дали е тоа поради страв или пак можеби поради адреналинот? За оние на кои височината им зададе вртоглавица и непријатни чувства, доволни им се овие фотографии. Но, за оние коишто се авантуристички расположени, еве мал вовед за вашиот следен адреналински предизвик.

2-vljubenici-vo-adrenalinskiot-avanturizam-go-imame-vistinskiot-predizvik-za-vas-lafepauza.mk

Планината Хуа Шан се наоѓа во Кина. Нејзините врвови достигнуваат надморска височина од 2.160 метри. Оваа планина е една од петте свети планини. Во подножјето се наоѓаат огромни камени скали наречени „Рајски скали“. Овие скали водат толку високо во планините што се чини дека немаат крај. Но, не е така, ги има точно 999 на број и тие водат до светски најопасната патека направена од штици – Хуа Шан.

3-vljubenici-vo-adrenalinskiot-avanturizam-go-imame-vistinskiot-predizvik-za-vas-lafepauza.mk

Скалите сами по себе се тешки за искачување, но верувајте, тие се најлесниот пат до врвот. Кога ќе ги искачите скалилата има една подвижна кабина која ќе ве пренесе до јужниот врв. Целата оваа досегашна авантура беше само вовед за она што следи.

4-vljubenici-vo-adrenalinskiot-avanturizam-go-imame-vistinskiot-predizvik-za-vas-lafepauza.mk

Кулминација на адреналинот: Пат од штици широк само еден метар и едно челично јаже прикачено на карпата за коешто се држите додека се движите по штиците.

5-vljubenici-vo-adrenalinskiot-avanturizam-go-imame-vistinskiot-predizvik-za-vas-lafepauza.mk

Оваа патека води до врвот на планината. Никој нема да ве присили да облечете безбедносна опрема, но таа е неопходна. Патеката е сама по себе опасна и застрашувачка, но она што е на самиот врв ќе ве остави без зборови.

6-vljubenici-vo-adrenalinskiot-avanturizam-go-imame-vistinskiot-predizvik-za-vas-lafepauza.mk

Ако сте доволно храбри да го продолжите патувањето и успеете да ја поминете оваа патека, ве чека една контрастна слика од оваа на која веќе го навикнавте телото и умот. На највисоката точка на јужниот врв се наоѓа Таоистички храм којшто е денес служи и како куќичка за чај. Тука, на највисоката точка на планината Хуа Шан, конечно можете да се опуштите и слободно да дишете од чистиот воздух.

7-vljubenici-vo-adrenalinskiot-avanturizam-go-imame-vistinskiot-predizvik-za-vas-lafepauza.mk

Има некој за ваква авантура?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар