Погледнете како изгледа животот во пентхаус, 425 метри над Њујорк
„432 Park Avenue“ е адресата на највисокиот станбен облакодер во Њујорк. Со висина од 425 метри, во овој објект има 104 апартмани, чија цена се движи од 16,95 милиони до неверојатни 82,5 милиони долари. Неверојатниот дизајн бил направен од страна на Рафаел Винолу и биле потребни 3 години за целиот проект да се заврши. Тој се наоѓа во центарот на Мехнетен, а пентхаусите на горните катови нудат прекрасен поглед кон Њујорк. Облакодерот има и приватен ресторан со надворешна тераса, огромен базен и бања, климатски контролирани подруми за вино, детско игралиште, како и просторија за состаноци. Неверојатно, се согласувате?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.