25 знаци дека сте ја нашле личноста со која може да го поминете остатокот од животот
Во филмовите потрагата по вистинската љубов често се сведува на „едноставно знаев дека таа е личноста со која сакам да го поминам животот“. Но, во реалноста, освен ако не се консултирате со гатачка, ова не е толку едноставно.
Во вистинскиот живот, да знаеш дека некој е вистинскиот не значи дека треба само да чувствуваш пеперутки во стомакот. Тоа истовремено треба да ја опфаќа љубовта кон таа личност како човечко битие и сознанието дека ве прави вам подобра личност.
Не постои магична формула, но доколку во вашиот живот некој исполнува барем половина од овие квалитети, дефинитивно треба да се потрудите да го задржите.
1. Ве изненадува без причина само за да види насмевка на вашето лице.
2. Ве слуша, навистина ве слуша кога зборувате.
3. Ви недостига кога не е тука со вас.
4. Но, можете да го живеете животот и кога не е близу до вас.
5. Можете да видите заедничка иднина со него/неа.
6. Го/ја сакате не само како љубовник, туку и како личност.
7. Искрено го/ја сакате во вашиот живот.
8. Ако штотуку би се сретнале во кафуле, знаете дека би помислиле дека е одличен/на и кул.
9. Имате слични интереси и цели.
10. Сепак, еден со друг се учите на нови нешта.
11. Ви го посакува најдоброто.
12. И секогаш духовно ве подигнува.
13. Ви помага кога ви треба помош или услуга.
14. Ви дава комплименти без да го побарате тоа.
15. Се сложува со вашето семејство.
16. Си ги исполнува ветувањата.
17. Вашите пријатели го/ја сакаат.
18. Неговите/нејзините мали каприци ви пречат само малку, но знаете дека тие не се причината поради која го/ја сакате, ниту причина да не го/ја сакате.
19. Никогаш не ви дава злобни, груби и навредливи коментари.
20. Никогаш не дава негативни забелешки за вашиот изглед.
21. Кога се карате, го правите тоа ферски (без погрдни зборови).
22. Може да направи да се насмеете само гледајќи во него/неа.
23. Или да ве возбуди.
24. Може да го претвори секој лош ден во добар само поради фактот што знаете дека ќе разговарате со него/неа за тоа.
25. Искрен/а е со вас и цени кога и вие сте такви.
Бонус: Ако мислите на одредена личност во овој момент, тоа е добар знак.
<3