Вистинска мистерија е како мастиките воопшто завршуваат заплеткани во косата на децата, па и на возрасните. Кубење, врискање, задолжително потшишување, се некои од последиците од овој немил настан. Постои едноставен начин да го решите случајот.rnrn
rnrnСè што треба да направите е да земете малку омекнат путер и да го нанесете на прамените зафатени со гумата за џвакање. Таа сама ќе се излизга, без никаков напор и влечење.rnrnНе ви препорачуваме да си залепите мастика во коса за да ја испробате ефикасноста на овој трик, но ако некогаш во иднина, вам или на некој друг му се случи вакво нешто, имајте го путерот на ум.rnrnИнаку, путерот може да ви се најде и за неколку други работи во секојдневниот живот. Еве ги тие негови примени:rnrn
rnrnОтстранување лепак од прстите на рацете – ова секогаш се случува кога лепите нешто. Пред да се обидете со сапунот и водата, протријте путер низ рацете, а потоа измијте ги на планираниот начин.rnrnСечење лепливи работи – ако треба да сечете тврдо суво овошје или пак некој друг леплив продукт, најпрво поминете со ножот низ путерот. Сечењето ќе биде беспрекорно, благодарение на намалувањето на лепливоста.rnrnОтстранување смола од автомобилот – ги ловите сенките за да не се сварите следниот пат кога ќе влезете во автомобилот. Ама споредните ефекти од ваквото задоволство може да бидат во вид на смола налепена по каросеријата. Земете малку путер и ставете го на меко парче крпа. Тријте ја смолата сè додека не исчезне, заедно со путерот. Смолата ќе ја нема, а не треба да се грижите ни за гребаници.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
