ТВ серија за моќна адвокатка и нејзината вмешаност во едно мистериозно убиство
rn
Главни улоги: Виола Дејвис, Чарли Вебер, Били БраунrnrnЖанр: криминалистика, драма, мистеријаrnrnКреатор: Питер НовокrnrnПремиера: 25 септември 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИ покрај тоа што првата епизода од оваа ТВ серија започнува малку хаотично и несфатливо, како што ќе поминува времето, работите сè повеќе ќе ви се разјаснуваат и нема ни да забележите кога ќе се навлечете на неа. Ова е една од оние динамични ТВ серии кои во периодот од 45 минути постојано ќе ве држат на работ. Секое откритие повлекува со себе нова мистерија и потребно е активно да ја гледате за да можете да ги забележувате сите нешта кои се случуваат. Станува збор за група амбициозни студенти по право кои со својата брилијантна професорка, која е и адвокат ќе станат дел од убиство кое целосно ќе го промени текот на нивниот живот.rnrn
rnrnАналис (Виола Дејвис) е моќна жена и одличен адвокат. Таа работи како бранител и постојано се стреми кон победа без притоа да се грижи дали нејзиниот клиент е виновен или не. Бидејќи паралелно работи и на факултет, таа секоја година одбира по 4 студенти да работат за неа. Аналис не е типична професорка по право, таа наместо да предава според програмата ги носи студентите на терен каде што имаат можност од прва рака да учат како да бидат адвокати. Но, конкуренцијата е голема и токму затоа само оние кои имаат доволно знаење, храброст и среќа ќе можат да станат дел од нејзиниот тим.rnrn
rnrnЕпизодата започнува со 4-ца студенти кои во шума разговараат за оружјето со кое било извршено убиство. Тие исто така имаат и голема караница за телото, дали да го остават онаму каде што е или да го закопаат. Во овој момент сè уште не се знае кој е убиениот и кој го извршил тоа убиство, но изгледа дека на некој начин сите се вмешани. Откако тие ќе одлучат да фрлаат паричка за нивниот следен чекор, епизодата нè носи пред 3 месеци, на нивното прво предавање на факултет. Ова движење напред-назад во период од 3 месеци ќе продолжи во текот на целата ТВ серија и токму тоа е она што ја прави возбудлива и мистериозна.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
