Автор: Сања ПетровскаrnrnИ токму кога помислувате дека ништо повеќе не може да ве воодушеви, се појавува уметност како оваа на Ерик Стендли која ве остава без зборови. Ерик Стендли е асистент-професор по студиска уметност и уметник од Вирџинија чија колекција на хартиени скулптури исечени со ласер предизвикува восхит кај секој кој ќе ги погледне. Инспириран од готската и исламската архитектура, тој креира неверојатни инспиративни форми од хартија кои многу наликуваат на минимизирани делови од некоја катедрала.rnrn
rnrnСкулптурите кои ги создава Ерик се со голема комплексност, а за нив вели дека се поврзани со бесконечноста, т.е. се обидуваат да презентираат нешто што не е дури ни човечко.rnrnИ додека неговите дела инспирираат многу, тој својата инспирација ја има пронајдено на не толку неверојатно место. Имено, тој идејата ја добил сосема неочекувано кога случајно открил декоративен дизајн на кутии од житарици. По ова, тој решил да ја истражи оваа техника, а резултатот се овие прекрасни фигури.rnrn
rnrnНеговата работа започнува така што тој најпрво го црта дизајнот на хартија со цел да може да испланира како да ги исече поединечните слоеви. Потоа ги испреплетува слоевите хартија притоа создавајќи воодушевувачки 3D ефект. Креирањето на една скулптура може да трае дури и до неколку месеци.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.











