КАФЕ ПАУЗА

Следен избор за инструмент: Виолина. Еве зошто…

Written by

in

Зарем свирењето на инструмент може да има некакви негативни страни? Сè што е поврзано со музиката и ваквиот начин на креативно изразување е едноставно прекрасно. Доколку во последно време се двоумите со кој инструмент да го започнете новото музичко хоби, ви предлагаме тоа да биде виолината. Еве зошто.rnrn(0) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mkrn

Релаксирачки ефект

rnСвирењето виолина има релаксирачки ефект. Кога и да се чувствувате вознемирено и загрижено, звуците на виолината ќе го сменат тоа на подобро. Лошите мисли уште веднаш ќе исчезнат. Ваше е само да почнете со учење на омилената песна!rn

Нов предизвик

rnУчењето на нова вештина знае да биде вистински предизвик и да ве доведе чекор поблиску до самоусовршувањето. Свирењето на виолина не е само учење на штура техника. Доброто свирење на виолина е тежок и напорен процес, но уживањето кое доаѓа заедно со одлично отсвирената композиција е непроценливо чувство!rnrn(1) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mkrn

Продлабочување на музичкото знаење

rnПреку свирењето на инструмент го продлабочувате и генералното знаење за музиката. Преку ваквото хоби, со текот на времето се запознавате и со историјата, уметноста, културата на одреден период и слично. Со сигурност ќе сакате да истражувате и да се информирате повеќе за животот, делото и музичкиот стил на омилените композитори.rn

Почитување на класичната музиката

rnОдењето на класичен концерт е многу повеќе од едноставно седење и гледање во бината. Постои цела приказна зад оркестарот, која треба да биде пропратена со вашето внимание кон диригентот, музичарите и секако, композициите што се изведуваат. Кога се концентрирате на тие елементи, вие несвесно градите почит кон квалитетната музика и солиден музички вкус.rnrn(2) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mkrn

Разноликост

rnЈа сакате класичната музика, но не можете да ѝ одолеете и на онаа популарната? Не грижете се, со виолината ќе можете да свирите каков било вид музика. Токму таа разноликост на музички вкусови може да биде задоволена со овој музички инструмент.rn

Лесна преносливост

rnОна што е добро кај виолината е лесната преносливост, што не е случај со пијаното, да речеме. Можете да ја земете со себе дури и на некое подалечно патување. Кул и практично!rnrn(3) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mkrn

Забава

rnСвирењето на виолина е забавно не само за вас, туку и за целото семејство и пријателите. На интернет лесно се наоѓаат нотите за вашите омилени песни, па зошто да не се обидете да научите нешто ново и да се препуштите на убавите чувства? Среќно!rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нe на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.