Овие трикови ќе го подобрат вкусот на храната која ја конзумирате, а комбинациите ги препорачуваат готвачите од ексклузивните светски ресторани.rnrn
rn
Морков и шеќер
rnИако можеби е чудно да додавате шеќер на зеленчук, ова е стандардниот начин на подготовка на морковите во Франција. Вистинскиот израз за ова јадење е Виши моркови во кое се комбинираат моркови, сол, бибер, шеќер и Виши вода (минерална вода од регионот Виши). Морковот се готви додека не добие глазура. Шеќерот го подобрува вкусот на морковот, а крајниот резултат е преубаво јадење од зеленчук со интензивно портокалова боја.rn
Кафе и сол
rnДодајте му на кафето прстофат сол за да го засилите неговиот вкус – оваа употреба на солта е честа и се користи и во скоро сите други јадења. Доволен е само еден прстофат и ќе добиете совршено еспресо.rn
Домати и шеќер
rnКористете шеќер наместо сол. Доматите се кисели и со додавање на сол, само добиваат уште покисел вкус. Шеќерот ги засладува и го засилува вкусот на доматите.rn
Чоколадо и кафе
rnКога правите рецепт кој вклучува чоколадо, додајте и малку кафе. Тоа ќе го засили вкусот и аромата на чоколадата без страв дека ќе се почувствува вкусот на кафето.rn
Месо и анасон
rnКога готвите супа и други јадења со месо додадете анасон за да го засилите и обогатите вкусот на месото.rn
Домати со ливчиња
rnКога правите јадења со домати, додадете ги и гранчињата – тие го имаат специфичниот вкус кој сите го сакаме и на јадењето ќе му дадат поизразена арома.rn
Компир и морско оревче
rnВо јадењата од компир ставајте сосема малку морско оревче – тоа ќе ги направи компирите побогати, а неговата арома нема да се забележува.rn
Јаболка и ванила
rnЈаболката имаат голема количина на киселина и при готвењето потребно е да им се додава шеќер. Повеќето луѓе на јадењата со јаболка им додаваат морско оревче или цимет, но екстрактот од ванила им дава посебна вкусна нота која многумина нема да ја препознаат, но многу ќе им се допадне.rn
Јагоди и пипер
rnСвежите јагоди обично се сервираат со шеќер (обичен или во прав), но нивниот вкус ќе го интензивирате доколку додадете ситно мелен пипер.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.