Озборувања ќе чуеш секогаш и сегде. Најчесто на луѓето не им треба ни повод, а ни причина. Одам во продавница и сè што ми треба е кафе и нешто за појадок, а наместо тоа добивам тазе информации кои мозокот од сабајле не може да ги процесира. Добро, од кога се станати жениве? Од 5? Испиле три кафиња до 9 саатот и сега уста не им се затвора. Блазе си им.rnrn
rnrnПроблемот со нашиот менталитет е тоа што не си го гледаме својот двор, а зборуваме за туѓиот. Да, сигурна сум дека сите кои зборуваат имаат совршени и безгрешни животи, па слободно можат да „ломотат“ за другите. А излезе некој збор, се шири како вирус, ти се чини епидемија. Озборувањето за некого е неопходно исто колку и храната.rnrnНе постои некој кој не бил озборуван, ниту пак некој кој не озборувал. Но доколку озборувањето ти е единствена тема на муабет, тоа би значело дека и не си способен за нешто друго да зборуваш. Можеби и би ги оправдала хроничните озборувачи. На пример, доколку стварно немаат сопствен живот и свои проблеми, нека се занимаваат со туѓите, на крајот на краиштата, кој им брани.rnrnЕве ви друга позитивна страна на озборувањето. Обично озборувачите се многу фини луѓе кои се грижат за тебе! На пример, мака мачам да се сетам кога се вратив претходниот викенд дома, или која од другарките ми дојде утрото на кафе. Фино лепо си ја прашувам комшивката. Таа отвора во записникот, во толку и толку. Фала многу. Нема проблем, повели и друг пат, за тоа служат комшиите. Тоа ти се вика верен апдејт-комшија.rnrnМуабети. Од што нема што друго да кажеш, од што ѝ завидуваш на личноста, од што ти е досаден животот… Постојат многу варијанти. На пример, се среќаваш со бивша соученичка од средно. Те апдејтува за секој што го видела од класот. Кој кај учи, кој со кого се фатил, кој колку се здебелил. И нормално, таа се грижи да ги дознаеш сите битни информации.rnrnТака што, не муртете се одма и не сфаќајте ги погрешно луѓето кои шират чаршиски муабети. Тие само се грижат за сите останати освен за самите себе. Колку несебично!rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
