Кафе со путер – нов хит напиток кој може да го замени оброкот и да ги стопи килограмите

Кафе со путер – нов хит напиток кој може да го замени оброкот и да ги стопи килограмите

Смуди од кафе, путер и кокосово масло за енергија, чувство на ситост, слабеење и градење мускулна маса (во комбинација со соодветна храна и вежбање)

1-kafe-so-puter-nov-hit-napitok-koj-mozhe-da-go-zameni-obrokot-i-da-gi-stopi-kilogramite-kafepauza.mk

Иако оваа комбинација на прв поглед не делува примамливо, Дејв Аспреј, кој на овој напиток му го дал името „Bulletproof coffee“ и е креатор на истоимениот кафе-бренд, се колне дека е и тоа како вкусен, и што е најдобро од сè овозможува долготрајно чувство на ситост. Многумина кои го пробале овој рецепт потврдуваат дека се работи за најкремастото и најзаситувачкото кафе кое некогаш го пробале.

Кафето со путер е замислено како замена за оброк, а благодарејќи на овој необичен напиток Аспреј признава дека изгубил околу 40 килограми. Но, освен што има убав вкус, кафето подготвено на овој начин дава и еден поинаков вид енергија од онаа која вообичаено ја чувствуваме од обична шолја кафе. Имено, благодарејќи на високата концентрација на масти, ова кафе ќе го успори времето кое му е потребно на телото за да го обработи кофеинот. Со други зборови, го покачува нивото на енергија и го успорува нејзиниот брз пад.

Ова кафе дефинитивно не е за секого, но зависниците од кофеин и оние кои вежбаат во теретана и сакаат да развиваат поголеми мускули, дефинитивно би требале да му дадат шанса.

2-kafe-so-puter-nov-hit-napitok-koj-mozhe-da-go-zameni-obrokot-i-da-gi-stopi-kilogramite-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • Квалитетно кафе
  • Несолен путер
  • Кокосово масло
  • Цимет (опционално)
Начин на подготовка:

Подгответе го кафето (најдобро во француска преса) и додека е сè уште топло ставете го во блендер. Додадете една лажичка чист несолен путер, и една лажичка кокосово масло. Оригиналниот рецепт е со масло од средно врзани триглицериди (MCT) кое е 18 пати поконцентрирано од кокосовото масло и придонесува за поголема ментална јасност и ги подобрува метаболитичките процеси. Во тој случај односот на путер и масло треба да е 2:1. Ставете ги сите состојки во блендер и блендајте на најголема брзина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Tuti Fruti Reply

    И што ви е ова ОПЦИОНО? Не потои таков збор! Се вика “по избор”!

Остави коментар