Направете сами: Цветни украси за свеќи за пријатен амбиент
Брзо и лесно, со малку креативност и слободно време, ќе направите прекрасни украси за свеќи за пријатен амбиент во вашиот дом.
Потребно:
- Хартиени листови во неколку различни бои
- Стаклен држач за свеќи
- Пенкало
- Ножици
- Шестар
- Селотејп
- Течен лепак
Поставете го стаклениот држач на листот хартија и исцртајте го по краевите со пенкало.
Поставете ја иглата на шестарот во центарот на кругот и отворете го шестарот на околу 8 cм ширина па исцртајте круг. Доколку немате шестар употребете каков било кружен предмет кој би ви завршил работа.
Внимателно нацртајте цвет меѓу двата круга. Доколку не можете прецизно да го исцртате со пенкало, употребете го шестарот, така што иглата ќе ја поставите на работ од поголемиот круг и ќе повлечете полукружна линија од едниот до другиот крај на кругот, потоа ќе ја поставите онаму каде завршува полукругот што го исцртавте и ќе повлечете нов полукруг, сè така додека не исцртате цвет.
Внимателно исечете го цветот и со ножиците исечете дел од внатрешноста на помалиот круг.
Како што е прикажано на сликата, со ножиците направете мали исечоци во малиот круг.
Повторете ги овие чекори за да направите онолку цветови колку што ви се потребни.
Поставете ги цветовите еден врз друг, така што по малку ќе ги накосувате, и свиткајте ги исечоците во средината на круговите.
Вметнете го стаклениот држач за свеќи и со селотејп залепете ги испакнатите исечоци за држачот, како што е прикажано на сликата.
Со помош на течен лепак, залепете една лента хартија околу долниот дел на држачот за да биде естетски поубаво.
Може да ги поставите на вашата трпеза или како украси во дневната соба. Со внимателно одбирање на боите ќе ви бидат украси без разлика на сезоната, а вашиот дом веднаш ќе стане попријатно и естетски поубаво место за живеење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.