8 видови профил-слики за Фејсбук кои треба да се забранат со закон

Сподели

Не велиме дека не треба да бидете креативни со вашата профил-слика, но за некои фотографии, треба да размислите пред да ги поставите да ве идентификуваат на Фејсбук. Некои збунуваат, други делуваат идиотски, трети се неоригинални, а за некои едноставно нема потреба од дополнителен коментар.rn

Реклама

1. Гушкање со дете кое не е ваше

rn

Причина за забрана: Збунетост

rnБез разлика дали се работи за вашето внуче, детето на соседите, на пријателите или она кое го чувате кога родителите не им се дома, ваквата профил-слика е многу збунувачка. Дури и кога се работи за ваши блиски пријатели, штом видите ваква слика поставена за профилна, веднаш ви доаѓа да се запрашате како наеднаш тие имаат 4-годишно дете.rn

2. Пар каде што двајцата ја имаат истата слика

rn

Причина за забрана: Мрза, збунетост

rnНе за џабе се вика профил-слика – треба да го идентификува вашиот профил. Не само што е збунувачки, особено со секој апдејт што ќе го направи кој било од вас, а стигнува до вашите заеднички пријатели, туку е и некако патетично – имате свој идентитет, така треба да биде и на Фејсбук.rn

3. Постер од настан кој го промовирате

rn

Причина за забрана: Глупаво и тотално неефективно

rnРазбирливо е дека кога организирате нешто сакате што е можно подобро да го испромовирате за да се појават што повеќе луѓе. Но, во реалноста, тешко дека некој ќе кликне на вашата профил-слика, ќе ги запише информациите за времето и местото и ќе си рече: хммм… може да одам на ова.rn

4. Претерано романтична слика од брат и сестра

rn

Причина за забрана: Збунетост, засраменост (од тоа што го гледаме), морничавост

rnКолку и да се сакате со братот/сестрата, не дозволувајте им на вашите пријатели да се сомневаат во вашиот однос.rn

5. Сонограм

rn

Причина за забрана: Неоригиналност, бесмисленост, неетичност

rnЗнаеме дека сте многу возбудени што ќе донесете нов живот на овој свет, но почекајте барем додека излезе од стомакот. Докторите ги даваат ехо-снимките на пациентите откако претходно ја провериле состојбата на бебето, но во суштина, сите слики од ултразвук изгледаат скоро идентично, па она што ќе го ставите како профил-слика е всушност само приказ на бебе кое во тој момент изгледа како сите други.rn

6. Како од насловна на модно списание

rn

Причина за забрана: Нереален приказ на себеси

rnИако ваквите фотографии се специфични за џет сетот, нас обичните луѓе нè прават да изгледаме прилично идиотски. Позирањето за вашите регуларни пријатели кои (најчесто) ве знаат како изгледате во живо нема никаква поента. Премногу шминка, Фотошоп обработка и поза како да сте Скарлет Јохансон, со најблаги зборови, ве прави смешни во очите на другите.rn

7. Слика на која некој е очигледно отсечен

rn

Причина за забрана: Изгледа како да немате друга слика, глупавост, недостаток на естетика

rnКолку што е глупаво двајца луѓе кои се заљубени да ја имаат истата заедничка слика од себеси на своите профили, толку е глупаво, а веројатно и малку повеќе, да поставите ваква слика на која очигледно вашата рака е префрлена врз нечие рамо, но ние не можеме да видиме на чие. Дали е тоа вашиот партнер? Или можеби вашиот бивш? Другарка која не испаднала добро, а вие баш овде изгледате најдобро што можете? Како и да е, глупаво е. И тотално неестетски.rn

8. Во теретана, истегнувајќи некој мускул

rn

Причина за забрана: Зарем има потреба од објаснување?

rnОваа фотка може да го прескокне процесот на исмејување и осудување од пријателите и оди право на суд. Ова е веќе државен прекршок.

Популарно

Може ќе ве интересира