Обично не може да видите постари модели на познатите модни ревии. Но, овој 80-годишен дедо докажува дека модните креатори цело време прават огромна грешка.rnrn
rnrnВанг Дешун е глумец и уметник од Кина со една единствена цел: Да го порази процесот на стареење со тоа што ќе остане во форма и постојано ќе пробува нови работи. Па, така, тој изградил кариера во модниот свет, а авантурата започнала кога одлично се покажал на една ревија од Кинеската модна недела минатата година.rnrn
rnrnДешун работи три часа дневно. Тој порано држел часови по моделство и организирал модни настани, но дури сега за прв пат зачекорил на модната писта и се претворил во национална икона.rnrn
rnrn
rnrnСоцијалните мрежи честопати го нарекуваат „најзгодниот дедо“, а обожавателите отворено му се восхитуваат поради неговата храброст да започне со моделство на таа возраст.rnrn
rnrnПогледнете го и неговото видео насловено како „Бидете најопасни“ (Be the fiercest) кое несомнено ќе ви ја даде потребната храброст и мотивација да ги следите вашите соништа…rnrn
80-годишен модел ги сруши сите стереотипи со неговиот самоуверен став на модната писта
