Кроп топот со молскавична брзина се врати на модната сцена и си го зазеде своето место меѓу трендовите. Во разни бои, модели, кроеви и должини, кроп топот е еден од најпопуларните „ит“ парчиња оваа сезона. А, кога станува збор за ова иконско парче постојат многу дилеми и прашања. Одговорот на овие прашања се содржи подолу.rnrn
rn
1. Висок струк
rnАко не сакате да го покажете вашиот стомак, а сакате барем малку кожа, спојте го кроп топот со пантолони со висок струк. Ова ќе ви биде полн погодок.rnrn
rn
2. Миди здолниште во весела боја
rnВолуменозно миди здолниште во интересна боја дефинитивно ќе го привлече вниманието.rnrn
rn
3. Едноставно
rnНекои девојки повеќе сакаат едноставни кроп топови од потешки материјали со малку подолга должина.rnrn
rn
4. Со ракави
rnУште една варијација на кроп топот се долгите ракави кои прават баланс со должината.rnrn
rn
5. Широк кроп топ
rnКроп топовите не мора да бидат тесни за да бидат елегантни. Ако сакате да покажете кожа, а сепак да можете да дишете тогаш широкиот модел е одлична идеја за вас.rnrn
rn
6. Импровизиран кроп топ
rnАко сте отворени кон експериментирање или пак не ви се даваат пари за тренд кој за неколку сезони ќе избледи од модниот свет, тогаш земете ја омилената кошула/блуза и претворете ја во кроп топ така што ќе ја врзете/исечете.rnrn
rn
7. Лажен кроп топ
rnАко не сте доволно храбри за да го испробате трендот тогаш пробајте со лажен кроп топ. Тие според должината се кратки, а сепак не се доволно долги за да бидат маици. Не секогаш покажуваат кожа, само кога ќе ги кренете рацете.rnrn
rn
8. Напред кратко, одзади долго
rnКроп топ кој напред е краток, а подолг во задниот дел овозможува поголема покриеност.rnrn
rn
9. Килоти
rnОдносно, пантолоните со широк крој, ќе го разиграат кроп топот со нивната релаксирана силуета.rnrn
rn
10. Во ист принт
rnКроп топ + шорцеви/здолниште со истиот принт ќе направи да изгледате како права дама.rnrn
rn
11. Криенка
rnКога кроп топот ќе го споите со комбинезон добивате смела, а сепак мистериозна комбинација која сигурно ќе мами воздишки.rnrn
rn
12. Слоевито облекување
rnКроп топот не е парче кое се носи само во лето. Ако добро се комбинира може да се носи дури и на ладно време. Облечете го врз подолги блузи за обичен, секојдневен, а сепак модерен изглед.rnrn
rn
13. Во комбинација со сако
rnБлејзер комбиниран со кроп топ е комбинација која може да биде соодветна за обичен ручек со пријателките, вечерни излегувања, па ако е добро комбиниран, дури и за на работното место.rnrn
rn
14. Со макси здолниште
rnДолгото здолниште сигурно ќе го украде целото внимание, а кроп топот е само бонус.rnrn