11 необични начини да ги украсите ѕидовите

Сподели

Во животот одвреме-навреме ни доаѓа желба да ги украсиме ѕидовите. Иако е интересно да закачите разни слики, еве неколку покреативни начини како ѕидовите да ви заличат поубаво со помош на нешто друго.rn

Реклама

1. Само рамки

rnМожеби звучи апсурдно, но ова е навистина интересен начин како да го привлечете вниманието кон ѕидовите, а сепак да го исполните просторот.

rn

2. Страници од списание

rnСигурно се сеќавате на периодот од вашите тинејџерски години кога лепевте разни постери по ѕидовите. Оваа идеја е слична на тоа, но многу подобра.

rn

3. Плочи

rnОбвивките од плочите, или самите плочи се забавен и уникатен начин да го искажете вашиот музички вкус.

rn

4. Марами

rnВо разни бои и шари, тие ќе ја разбијат монотонијата на ѕидовите, исто како што ја разубавуваат комбинацијата која ја носите.

rn

5. Огледала

rnОгледалата се одлична замена за уметност, особено ако живеете во мал стан/куќа.

rn

6. Накрсно шиење

rnНе шијат само бабите, а оваа е модерен начин да ги споите традиционализмот и модерниот декор.

rn

7. Хербариум

rnПотсетете се на училишните денови и изработете хербариум за вашите ѕидови.

rn

8. Разгледници

rnАко сте обожавател на разгледниците, а не сакате да ви собираат прашина, тогаш поставете ги на вашите ѕидови.

rn

9. Слики од календар

rnНема потреба да го фрлате ланскиот календар. Повеќето календари се полни со интересни слики и заслужуваат да се најдат на вашиот ѕид.

rn

10. Омилени фрази

rnСекогаш можете да ги купите, а можете да земете четка и сами да напишете нешто.

rn

11. Мапи

rnУште еден начин да ја покажете вашата љубов кон патувањето. Пронајдете стари мапи и изложете ги на вашите ѕидови.

Популарно

Може ќе ве интересира