Секоја лубеница не е подеднакво сочна и зрела, а тоа обично се должи на долгите дождови во текот на летото. Не дозволувајте да ве излажат продавачите, пред ги извадите парите од паричникот, обрнете внимание на квалитетот на бостанот. Во изборот многу ќе ви помогнат овие совети:rnrn
rn
1. Најпрво добро анализирајте ја кората
rn
- rn011
- Боја. Правилото е дека зад темнозелената боја се крие слатка лубеница, а ако таа е дополнително обележана со природен „белег“, нема грешка, лубеницата треба да биде ваша.
- Форма. Лубеницата треба да има симетричен облик, овален или кружен.
- Цврстина. Кората треба да биде цврста и без оштетувања, иако површинските бразди не значат ништо. Ако наидете на меки делови, тоа значи дека лубеницата почнала да скапува.
- Дршка. Дополнително ќе ви помогне и мирисот на дршката. Добро е кога во овој дел лубеницата мириса на трева. Свежината можете да ја утврдите и доколку кога ќе се исече дршката, од неа потекува леплив сок. Исто така, завиената дршка може да биде знак на зрела и свежа содржина.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
2. Подигнете ја во воздух и процените ѝ ја тежината
rnСо оглед на тоа дека 90% од лубеницата е вода, зрелата лубеница би требала да биде тешка колку што е голема. Ако е премногу лесна, значи дека не собрала доволно вода и дека не е вкусна и здрава.rn
3. Погледнете ја страната на која лежела лубеницата
rnТаа може многу да ви открие. Доколку е нејзината површина со бела или светлозелена боја, знајте дека е прерано набрана и не купувајте ја. Зрелата лубеница има „белег“ во крем или жолта боја, кој сведочи дека доволно долго се „излежувала“ на сонце. Немојте да се двоумите, веднаш купете ја и разладете се со сочниот летен плод богат со витамини и минерали.rn
4. Чукнете
rnИако многумина се задржуваат само на овој метод на проверка при купувањето, ние го препорачуваме за последен. Удрете ја лубеницата, ако звукот е длабок, таа е спремна за јадење, доколку е остар и краток (не одѕвонува) значи дека не е зрела. Доколку е тап (шуплив), лубеницата е презреана.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.