Најбушавите кучиња во светот
Како што луѓето имаат различни типови коса, исто е и со кучињата. Некои раси имаат кратко влакно кое е лесно за оддржување, но други се со долго влакно кое почесто се заплеткува и станува валкано. Затоа бушавите кучиња се многу потешки за одржување.Еве неколку од светски најпознатите бушави кучиња, а на крајот има и бонус совети за нивно одржување:
Бирдед коли (Bearded Collie)
Уште е познато како шкотски овчар, кој достигнува од 18-27 килограми. Потекнува од Велика Британија и има животен век од околу 12,8 години.
Бедлингтон териер (Bedlington Terrier)
Оваа раса води потекло од Англија. Познати се како многу прилагодливи кучиња кои обожаваат вода. Живеат 13 години.
Кинески крестед (Chinese Crested Dog)
Овој тип кучиња може да се јави со долго крзно или воопшто без крзно. Тие се доста темпераментни и сакаат деца. Животниот век им е 12-14 години.
Ирски шпаниел (Irish Water Spaniel)
Ирскиот шпаниел е најголема раса во групата шпаниел. Како и што кажува неговото име, потекнува од Ирска, а може да достигне тежина 25-30 килограми.
Кери Блу Териер (Kerry Blue Terrier)
Овие кучиња имаат потекло од Ирска. Локалното население го користи Кери и како чувар на овци бидејќи оваа раса е доста работлива. Овие кучиња се разиграни и зрачат со енергија. Кери е национално куче на Ирска.
Ласа апсо (Lhasa Apso)
Ова слатко мало кученце потекнува од Тибет и тежи само 6 килограми. Совршено е за чување во стан, бидејќи не бара голем простор и лесно се прилагодува на околината.
Полски овчар (Polish Lowland Sheepdog)
Ова е големо и раскошно куче кое, како што кажува името, е куче-чувар. Тие се стабилни и самоуверени кучиња, па честопати се користат како придружници или помошници во Полска и пошироко.
Шнауцер (Schnauzer)
Шнауцерот е германски овчар кој може да се јави во три големини: мал, среден и голем. Тие се пријателски кучиња полни со љубов и лојалност.
Самојед (Samoyed)
Самоједот ни е доста познато куче. Води потекло од Русија, каде се користи, најчесто, за влечење санки по снег. Тие се доста силни и темпераментни и достигнуваат до 35 килограми.
Авганистански пес (Afghan Hound)
Ова куче на прв поглед изгледа многу смешно, бидејќи крзното му е како јамболија. Потекнува од студените планини на Авганистан, каде првично се користи за лов на зајци. Неговото локално име е Sag-e Tāzī. Животниот век му е околу 12 години, и за жал, оваа раса е најподложна на добивање рак.
Има 2 основни чекори за справување со кучињата со долги влакна и тоа:
Чекор 1: правилно чешлање
За кучиња со средно или долго влакно, треба да започнете со четкање со помош на прскалка со млака вода. Не се препорачува чешлање додека влакното е суво бидејќи полесно се оштетува и опаѓа. Секогаш треба да користите специјална четка за чешлање која помага да се отстранат и некои тревки или гранчиња од влакното. Ако, пак, има некој дел што е премногу заплеткан, подобро е да го отстраните со ножици.
Чекор 2: правилно капење
Пред да започнете со процесот, треба да се осигурате дека сите препарати за неговото капење ви се на дофат. Обидете се да го капете вашето куче што почесто, да може полесно да се навикне. Водата треба да биде млака и треба да се осигурате дека кучето е целосно мокро, не само влажно. Нанесувањето на кучешки шампон треба да почне најпрво од нозете, потоа торзото и на крај главата.
mozete i maltezerce da staite….mojon koga kje se zacesa za usite posle e ko u steker da brcnal =]]
Bearded collie e bradest koli…Skotski ovcar e samo collie…ili kaj narodot poznat kako Lesi.