Прекрасни морски пејзажи од моментот кога се судруваат песокот и брановите

Сподели

Оваа неверојатна колекција од фотографии е направена од страна на фотографот Анти Витала. Морските пејзажи вклучуваат темни неба и длабоко сини води кои се спојуваат во рамна хоризонтална линија, на средината од секоја фотографија. Оваа серија фотографии е направена за време на есенските бури на плажата Кампс Беј, Кејп Таун, Јужна Африка.

Реклама

Витала со помош на долга експозиција успеал да го сними движењето на брановите и богатите текстури на водата и песокот додека тие се судираат и ги претворил во медитативни сцени. И покрај тоа што сите фотографии наликуваат една на друга, секоја од нив е на свој начин различни. Преку неговата работа, гледачите имаат можност да ги истражуваат силите на природата и да се поврзат со смирувачката убавина на пејзажите…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира