Диета со урда: Изгубете 5 кг за 5 дена!

Диета со урда: Изгубете 5 кг за 5 дена!

Сакате да ослабете набрзина, но од самата помисла на гладување се откажувате уште пред да почнете со која било диета. Обидете се со диетата со урда.

Happy woman eating cottage cheese

Оваа диета се базира на урда со мала масленост и кефир, намирници кои придонесуваат за брзо согорување на мастите и го блокираат нивното создавање.

Во текот на диетата, секогаш ќе имате чувство на ситост. Таа е една од најекономичните и најкорисните диети за организмот. Всушност, покрај губењето на тежината, оваа диета е добра и за чистење на организмот од токсини.

Диетата можете да ја држите 5 дена или најмногу до 10, но не повеќе. Идеално е да ја држите 5-7 дена за кои можете да изгубите 3-5 килограми. Важно е да не ги прекршувате правилата – не јадете благо и други забранети намирници, инаку нема да има никаков ефект.

Постојат 4 варијанти на оваа диета. Изберете ја посакуваната и започнете.

Прва варијанта

Во текот на денот треба да изедете 400 г урда со ниска масленост и да испиете 1,5 литри безмасен кефир. Поделете ја храната на 4-5 еднакви порции. Пијте многу вода или билни чаеви. Пред спиење напијте се чаша кефир.

Втора варијанта

5 пати на ден јадете по 60 г безмасно сирење и пијте по 1 чаша безмасно млеко.

Трета варијанта

Во текот на денот изедете 500 грама урда, 2 парчиња овошје (освен банана), пијте вода и зелен чај.

Четврта варијанта

Во текот на денот изедете 500 грама безмасна урна и испијте 2 чаши кефир во кои можете да додадете по една рака житарици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар