КАФЕ ПАУЗА

Знаете ли да го контролирате срамот?

Автор: Калин БабушкуrnrnСрамот е општа појава карактеристична за секого. Кај некој повеќе, а кај некој помалку, но сите ние имаме срам. Колку знаеме да го контролираме или дали тој нѐ контролира нас е клучното прашање.rnrn1-znaete-li-da-go-kontrolirate-sramot-kafepauza.mkrnrnКонтролата на срамот е многу тешка работа. Токму поради тоа што не можеме и не знаеме како да го контролираме, во нашиот живот не се случуваат многу работи што ние би сакале да ни се случат. Од друга страна, пак, сите ние сакаме да бидеме перфекционисти и тоа дополнително ни прави проблеми во главата да се срамиме.rnrnПоради срамот што го поседуваме, многу пати не сме поставиле некои прашања, не сме добиле нешто што сме сакале, не сме поканиле дечко/девојка на состанок, итн. Дополнително на ова, поради срам (наш или на тие околу нас) некои луѓе не напредуваат на работа, не се истакнуваат, а имаат предиспозиции, не се активни, а имаат знаење и многу други работи кои доведуваат до фрустрации, но и незадоволство кај вашите надредени (од кај да знаат тие дека се срамите?!). И сега се поставува прашањето: ќе се срамите цел живот или ќе направите некои промени кај вас што ќе ви помогнат да го совладате срамот. Ако сте подготвени да се промените, еве ви неколку совети како да го направите тоа:rnrnЛуѓето не можат да знаат какви сте вие – Само вие знаете какви сте. Имајќи го тоа предвид, само вие знаете дека се срамите, а луѓето можат да го увидат тоа само ако ВИЕ им го дозволите тоа.rnrnОна што се гледа, тоа не сте вие – Ова ви го кажувам затоа што најчесто кога се срамите да направите нешто или поцрвенувате или се препотувате или ви се случуваат промени кои мислите дека се видливи. Но видливи се само, доколку ВИЕ мислите дека се видливи. А и да се видливи, што ви е гајле!! Па вие не сте такви. Не сте вие цело време поцрвенети! Не сте вие цело време испотени!rnrnЗаборавете го минатото – Ако ви се случиле незгодни ситуации или сте се посрамотиле во некоја ситуација, заборавете ја. На грешките учиме за да не ги повториме. Само тој што не греши не напредува!rnrnАко има некои работи што не можете да ги промените, бидете свесни за нив, но нека тие не ви влијаат на вашето однесување.rnrnОколина – Луѓето околу вас знаат понекогаш да бидат многу груби, да исмејуваат и да бидат тенденциозни. Имате избор или да не ги слушате што ви зборуваат (па и да не се дружите со нив) или да ги слушате, но да го земате само тоа што е добро од нив, а другото да го игнорирате. Во секој случај, мојот совет, во однос на околината, е да ја игнорирате.rnrnМоите другари кога бевме во тинејџерски денови ме исмејуваа за мојот лош англиски јазик, но јас и понатаму продолжував да си зборувам со странците како што јас умеам и знам. Од голема помош ми беше една пријателка на моите родители којашто ми рече: Калин, па тоа што ти се трудиш да зборуваш на нивниот јазик е само плус за тебе, а верувај, сите странци се задоволни кога ќе видат дека некој се труди. Каде ќе бев, ако ги слушав задевањата на моите другари, што мислите?rnrnЗемете воздух – Ако сте во некоја ситуација (сакате да поставите прашање пред голем аудиториум или да се истакнете), а свесни сте дека може да има последици за вас и вашето однесување, земете длабоко воздух. Контролирајте го дишењето, затоа што дишењето во тие ситуации е најважно.rnrnНека секоја ситуација влијае позитивно на вас – Ќе имате многу ситуации во кои ќе „заплеткате“ нешто, но немојте да дозволите тие да влијаат на вас негативно, туку баш напротив. Учете од секоја ситуацијаrnrnНов во друштво или на работа – Прво истражувајте и гледајте ги тие околу вас. Бидете културни и внимателни, но и позитивни. Делувајте откако ќе имате доволно информации.rnrnИма уште безброј други работи кои може да ги направите, но ако можете да забележите, сите се однесуваат на вас и само од вас зависат. Што и да правите, потребни се промени кај вас, а не кај околината.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.