КАФЕ ПАУЗА

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

Овој „направи сам“ туторијал е одличен за девојките кои сакаат од нешто старо да направат ново, но притоа не се многу вешти во шиењето. Со ова лесно упатство ќе видите како можете од вашиот износен џемпер да направите 3 нови модни парчиња за студената зима: ракавици без прсти, капче и стегач за околу глава со панделка.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrn

Потребни ви се:

rn

    rn011

  • Еден голем џемпер кој повеќе не го носите
  • rn011

  • Машина за шиење или игла и конец
  • rn011

  • Шпенадли
  • rn011

  • Креда или сапунче за обележување
  • rn011

  • Ножици
  • rn011

  • За почеток, превртете го џемперот наопаку.
  • rn

rn

1. Ракавици без прсти

rnЗа да ги направите ракавиците, потребни ви се ракавите од џемперот. Поставете ја раката врз ракавот и исцртајте со кредата околу прстите и палецот, притоа оставајќи доволно простор за порабување. Исечете по линијата. Спојте ги со шпенадлите двете парчиња и потоа зашијте ги. Превртете ја ракавицата и пробајте ја на себе. Доколку е потребно, направете корекции, а ако е добра, превртете ја повторно наопаку и искористете ја како шаблон за да ја нацртате другата ракавица. Повторете ги сите чекори.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrnrnОва е одличен начин да си ги затоплите рацете во студените денови и тие да останат навистина топли додека сте изложени на студ. Ако сакате, можете да додадете копченца или некој друг украсен материјал за да направите уште поуникатен дизајн.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrn

2. Капче

rnСигурно имате друго плетено капче дома, па земете го она кое ви е најточно и употребете го како шаблон за по него да го исцртате џемперот. За овој моден додаток ќе го користите долниот широк дел од џемперот. При исцртувањето не заборавајте да оставите и доволно простор за порабување, а потоа исечете и зашијте ги деловите. Свртете го капчето наопаку и готово, веќе можете да го носите.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrn

Стегач за околу глава со панделка

rnИсечете долг правоаголен дел од градниот дел на џемперот. Доколку сакате подебел стегач, лентата што ќе ја сечете нека биде околу 12 см широка. Должината треба да биде колку обиколката на вашата глава. Спојте ги двете парчиња и зашијте ги. Со прстите превртете го стегачот и избуткајте го докрај. Зашијте ги внимателно уште кратките страни.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrnrnПотоа, можете да исечете уште едно парче кое ќе го протнете во стегачот за да ставите машничка или цвет. И сега сте готови. Имате 3 нови топли и удобни модни додатоци за оваа зима.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.