Филм: Лего филм (The Lego Movie)

Филм: Лего филм (The Lego Movie)

Филмот кој е составен од познатите Лего коцки

Филм: Лего филм (The Lego Movie)Режија: Фил Лорд, Кристофер Милер

Гласови: Крис Прат, Вил Арнет, Елизабет Бенкс, Алисон Бри, Вил Фарел

Времетраење: 100 минути

Јазик: англиски

Премиера: 7 февруари 2014

Жанр: анимација, авантура, комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 7,50 од 10)
Loading...

Станува збор за анимиран филм кој го следи животот на Емет (Крис Прат), еден навидум обичен градежен работник. Тој го живее својот живот во една монотона рутина каде што секојдневно ги прави истите работи. Емет изгледа како да нема свое мислење, тој прави сè што ќе му биде кажано, ги сака работите кои другите ги сакаат и го поминува денот онака како што треба еден градежен работник да го помине. Но, еден ден, по завршувањето на неговото работно време, тој ќе биде оттргнат од својата група и сосема случајно ќе налета на „парчето на отпорот“ кое ќе се залепи за неговиот грб и ќе го вовлече во голема неволја.

Филм: Лего филм (The Lego Movie)

Тој набрзо ќе дознае дека неговите најблиски пријатели не го ни забележувале неговото присуство и немаат никакво мислење за него. Токму затоа Емет ќе се почувствува сосема обично и незначајно. Како да е никој и ништо. Но, бидејќи „парчето на отпорот“ е на неговиот грб, Луси (Елизабет Бенкс) која ќе го спаси од сигурна смрт, ќе помисли дека тој е најзначајната личност во Универзумот и ќе ја побара неговата помош во спасувањето на нивниот свет кој Лорд Бизнис (Вил Фарел) сака да го уништи. Емет на момент ќе го понесе оваа мисла дека тој не е обичен и дека значи нешто, па токму затоа ќе се впушти во огромна авантура со неговите нови пријатели.

Филм: Лего филм (The Lego Movie) Филм: Лего филм (The Lego Movie)

„The Lego Movie“ е одличен филм кој ќе ве опушти и ќе ве оттргне од секојдневието, но и кој ќе ви ја покаже значајноста на фантазијата и детскиот ум. Како што растеме, така сè повеќе и повеќе забораваме на магијата во која сме верувале како деца, а честопати тоа може да прерасне во препрека при решавањето на нашите секојдневни проблеми. Емет ќе ве потсети на овие нешта и ќе ви покаже дека понекогаш фантазијата е единствениот начин на кој можете да се справите со она што ве чека пред вас…

Филм: Лего филм (The Lego Movie) Филм: Лего филм (The Lego Movie)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар