Минијатурните креации од полимерна глина на Ивана Чурај

Сподели

Ивана Чурај е уметница која со уметничко и креативно изразување се занимава веќе 3 години. Преку нејзиниот медиум – полимерната глина, имаме прилика да видиме иновативни аксесоари кои произлегуваат од нејзината богата имагинација.

Реклама

Ивана живее во Градот под Исарот, по занимање е дипломиран економист, но отсекогаш била љубител на уметноста.rn
rn

„Пред отприлика 4 години имаше една статија на интернет што го привлече моето внимание, се работеше за минијатури од храна изработени од глина. Бев воодушевена од реалистичниот изглед, па изгуглав за да разберам за кој вид глина станува збор, и сето останато е, како што се вели, историја.“

rnПроцесот на изработка на секое парче започнува со идеја, било да е лична на артистката или сугестија од друг, во случај кога некој сака да подари ваков предмет, а потоа се носи одлука за големината и за употребата на бои. Потоа започнува изработката на предметот, што е проследено со усовршување на деталите со помош на скалпел и други алатки и на крај доаѓа печењето.rn
rn

„Црпам инспирација скоро од секаде. Од кујната на мојата мајка до омилениот карактер од некој цртан. Секако ме инспирираат и полимерните минијатури на некои други уметници за кои изработките не претставуваат хоби туку примарна работа во која уживаат.“

rnНе сите, но поголемиот дел од изработките се минијатурна храна, која сама по себе е предизвик, бидејќи треба многу труд за да изгледа реално.rn
rn

„Понекогаш ми се потребни добри 3-4 часа за средување на деталите, но што да кажам, го обожавам крајниот резултат. Не за џабе Конфучие рекол: ‘Одбери работа што ја сакаш за да не мора да работиш ниту еден ден во животот’.“

rn

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира