Можеби мислите дека можете да пикнете сѐ во микробрановата печка. Но, всушност постојат низа јадења, садови и амбалажи кои никако не смеете да ги загревате во микробранова. Некои се штетни по здравјето, додека пак други може да го расипат самиот уред, па дури и да предизвикаат пожар.rnrn
rn
Пластични садови за еднократна употреба
rnПластичните амбалажи од јогурт, маргарин или кисело млеко не смеат да се користат во микробранова печка. Тие се наменети за еднократна употреба и не можат да поднесат висока температура. Овој вид пластични садови можат да се деформираат во микробрановата или дури и целосно да се растопат и да испуштат опасни хемикалии во храната.rn
Варени јајца
rnНемојте да се залажувате – тврдо варени јајца во микробранова се апсолутна грешка. Ако сакате да направите тврдо варени јајца во микробранова, најверојатно ќе добиете само голем неред за чистење. Брзото загревање на микробрановата печка, во јајцата создава голема количина пареа, а насобраната пареа на крај резултира со пукање на јајцата.rn
Амбалажа од стиропор
rnХраната за носење обично ја пакуваат во амбалажа од стиропор, па ако ви останала од ручекот на работа, не помислувајте да ја подгревате во микробранова пред да ја дојадете. Стиропорот е вид пластика, а микробрановата е огромен непријател на пластиката, освен ако на амбалажата не е наведено поинаку.rn
Грозје
rnНекои видови овошје може да издржат високи температури, но не сите. На пример, грозјето ќе експлодира, а сувото грозје ќе зачади.rn
Метален прибор за јадење
rnСекако треба да се избегнува користење на метални виљушки, лажици и сл., без разлика дали златни или сребрени. Имено, металот може да реагира на високата температура и да ја оштети микробрановата печка. Ова правило се однесува и на алуминиумската фолија која може дури да се запали.rn
Пластични садови за складирање храна
rnПластичните садови за чување храна можат да бидат многу различни, па ако на садот не е наведено дека е погоден за користење во микробранова, немојте да ризикувате.rn
Лути пиперчиња
rnЗагревањето на лутите пиперки во микробрановата нема да им направат ништо на самите нив, но во моментот кога ќе ја отворите вратата, тие ќе испуштат хемиско соединение кое силно ќе ви ги надразни очите и грлото.rn
Ништо
rnНе е добро ниту да ја пуштите микробрановата празна. Во таков случај, таа нема да има што да апсорбира па може да се расипе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.