Автор: Калин БабушкуrnrnВо време на стресно живеење и обврски кои секој ден сè повеќе натежнуваат околу нас, заборавањето на работите е можеби и нормална работа. Но работата е дека сè повеќе и повеќе луѓето околу нас се „вадат“ на тој момент и дозволуваат сè почесто да забораваат на работи кои треба да ги извршат.rnrnНа заборавањето влијаат многу фактори, но речиси сите се поврзани со вас и зависат само од вас. Тука, би сакал со вас да споделам неколку работи кои би ви помогнале да го намалите заборавањето, да го исполните она што сте го ветиле.rnrn
rnrnОдмор – Имајте време за одмор, затоа што само одморен мозок може да памети многу работи.rnrnПодобра организација – Пробајте да одвоите време за ваша подобра организација и приоретизирање на работите.rnrnПотсетници – Користете потсетници. Тие може да бидат од обично ливче, преку мобилен телефон, до потсетник во компјутер.rnrnОдложување на работите – Извршувајте ги работите навреме и што порано. Немојте да ги одложувате.rnrnСподелување – Замолете ги луѓето околу вас или тие директно инволвирани во работата, да ве потсетат.rnrnДА – Немојте веднаш да кажувате ДА. Размислете дали имате време за да ја извршите работата, и после кажете ДА.rnrnОдредено место – Имајте одредено место каде што ќе ги оставате работите што треба да ве потсетат (фрижидер, работна маса итн.) од каде што може лесно да се потсетите што треба да направите.rnrnПриоретизирање – Имајте начин на приоретизирање на работите. Тоа ќе ви помогне да не ги одложувате работите на кои треба да им дадете важност. Но немојте ова да ви овозможи тие работи што за вас не се толку важни, со тек на време воопшто да не бидат изреализирани и извршени.rnrnИзвинување – Имајте доблест да се извините на соодветната личност дека сте заборавиле да го направите тоа за што сте се договориле.rnrnСекако дека има многу други работи кои може да ви помогнат да го намалите моментот на заборавање за извршување на работите. Многу важна работа, околу заборавањето, е да сте свесни дека тоа го правите и да прифатите дека треба нешто да промените. Откако тоа ќе го прифатите, сте направиле голем чекор.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
