Како јавноста реагира кога маж напаѓа жена? А што доколку е обратно?
Многу кампањи ја поттикнуваат свеста за домашното насилство, но воглавно се концентрираат на жените кои се жртви на нападите на нивните мажи. Ова видео ќе ве поттикне да согледате дека жените не се единствените кои може да бидат жртви на домашно насилство.
Овој спот ќе ве поттикне да размислите како гледате на насилството. Постојат многу мажи кои се жртви на насилство но никогаш не зборуваат за тоа отворено. Дали кој било вид насилство треба да биде оправдан? Се бориме за полова рамноправност или потајно се надеваме на нечија доминантност?
„Фактите говорат јасно. 60% од случаите на домашно насилство се против жени додека 40% се против мажи. Насилството е погрешно 100%. Насилство е насилство.“