37 најтешки лекции кои мора да ги научите во 20-тите
Како што минувате низ 20-тите години од вашите животи сфаќате дека сакале или не вие растете и созревате. Тоа е реалноста со која сите ние се соочуваме, не сме веќе деца и треба да созрееме. Колку побрзо ги научиме овие работи толку подобро за нас. Ова се дел од најтешките лекции кои ги учиме во оваа деценија од животот.
1. Љубовта боли, но многу пострашно е кога воопшто не љубите.
2. Вашите долгорочни пријателства влијаат повеќе на вашите животи отколку многу други нешта кои ги сметате за поважни и поголеми.
3. Вашето работно место, вашите примања и вашиот статус не ве прават она што сте.
4. Продолжете да работите напорно бидејќи во крволочниот бизнис свет вие сте лесно заменливи и никому не му е вистински грижа.
5. Луѓето можат да исчезнат од вашите животи поради многу причини. Научете да се носите со нивното исчезнување.
6. Тешко е да се открие во што вреди да се вложи. Може да направите многу грешки додека да откриете.
7. Зачуван интегритет значи чист образ и заслужена гордост.
8. Мора да имате хоби во кое ќе вложувате страст и труд и доколку не му се посветите доволно ќе жалите подоцна.
9. Никој не е роден со знаење за сè што го опкружува. Секој може да научи што било, само доколку има желба да го стори тоа.
10. Не споредувајте се со другите. Не ја гледате јасно целосната слика и секогаш завршувате повредени.
11. Најголемите разочарувања се предизвикани од нереалните цели, наоѓањето изговори и чекањето некој друг да ја заврши работата за вас.
12. Не ветувајте нешто што не можете да го исполните.
13. Научете да кажете „не“.
14. Не жалете се. Променете онолку колку што можете, научете да се носите со тоа или променете ја перспективата.
15. Не почнувајте целејќи кон големи пари бидејќи никогаш нема да ги заработите. Фокусирајте се на вашата љубов, истрајност и упорност во работата.
16. Малите работи значат многу. Ова важи за секое животно поле, не ги избегнувајте ситниците.
17. Не трошете го животот посветувајќи време на неважни нешта, поклонувајќи се на лажни идоли и грижејќи се за работи кои во суштина се неважни.
18. Не омаловажувајте ги луѓето на која било основа. Не сте супериорни и никогаш нема да знаете низ што другите минале и какви се навистина.
19. Многу е важно во животот секогаш да сте подготвени на нова лекција. Гледајте го секој човек како потенцијален носител на некое знаење кое треба да допре до вас.
20. Неуспехот е неизбежен – не постои некој кој не паднал макар еднаш пред да го постигне она што го сака.
21. Откажувањето е сопствен избор.
22. Среќата не е дестинација, среќата е животно патување и додека не научите да му се радувате на секој ден и на малите нешта кои тој ги носи, никогаш нема вистински да ја искусите.
23. Никогаш не воздржувајте се од извинување. Извинете се кога сте погрешиле и научете да ја голтнете гордоста.
24. Ослободете се од вината. Секој греши, не се оптоварувајте и продолжете понатаму. За многу нешта во животот може да ви биде криво, но животот не доаѓа со инструкции.
25. Вербата и надежта ни се неопходни на сите нас.
26. Престанете да ги правите работите брзо и механички. Вложете труд во секое, макар и најмало ваше дело. Одберете смиреност, внимание и трпеливост.
27. Мудро одберете ја животната кариера. Ако сте почнале со нешто за кое не чувствувате страст, никогаш не е доцна да се обидете со нешто друго. Важно е да не заглавите во шема која не ви одговара.
28. Никој не излегува како победник од кавга. Одбегнувајте ги кавгите и одберете да бидете смирени.
29. Стремете се кон она што ве плаши најмногу. Токму тоа вреди да се направи, бидејќи колку пострмна е угорницата, толку повеќе го цените погледот од горе.
30. Кога ќе стигнете горе, не заборавајте дека некогаш сте биле долу. Секогаш пружете рака за помош.
31. Животот е премногу краток за да ви биде здодевно.
32. Грижете се за вашето здравје. Не дозволувајте си да биде предоцна.
33. Она што ќе ви помогне најмногу во кариерата е вашата љубопитност и желба за напредок.
34. Заштитете ја вашата благосостојба. Не дозволувајте да биде нарушена од злобните усти и вашите сомневања во самите себе.
35. Секогаш копајте подлабоко. Животот е длабок и со силна порака и значење.
36. Обрнете внимание на изборот на вашите животни цели, тие ве формираат како личности.
37. Вашето мислење е важно. Не премолчувајте и не потиснувајте го во себе.