Со толку голем избор на маскари на пазарот, навистина е тешко да се направи совршениот избор. Доколку уште трагате по „вистинската“, направете го квизот и дознајте која маскара за вас е најдобра.
rn
1. Не можете да поднесете маскара што:
rnA) не дава видливи резултати
Б) се згрутчува
В) ги спушта трепките
Г) тешко се измиваrn
2. Кон сопствената нега и убавина се однесувате:
rnA) експериментално
Б) детално
В) практично
Г) брзо и едноставноrn
3. Како најсоодветно би ги опишале вашите природни трепки?
rnА.) добри
Б) кратки
В) прави
Г) реткиrn
4. Вашиот омилен изглед на очите се состои од:
rnА) сенка која ги истакнува очите
Б) зачадени очи
В.) без сенка, само малку туш
Г.) само моливче во суптилна бојаrn
5. Кога набзринка излегувате од дома, никогаш не заборавате да земете:
rnА) мало чешелче
Б) гел за коса
В) виткач на трепки
Г) лабелоrn
6. Кога станува збор за шминка, сакате:
rnА) да се разликувате од толпата
Б) да ви одговара со облеката
В) да изгледа убаво и прецизно
Г) да ја истакнува природната убавина
rn
Резултати:
rn
Најмногу одговори под A – Маскара за повеќе волумен
rnСакате очите да ви бидат највпечатливи и најзабележителни, па затоа маскарата за повеќе волумен е совршен избор за вас. Колку поголема е четкичката, толку подебели и визуелно поголеми ќе ги направите вашите трепки.
Производ: L’Oreal Paris Voluminous Milion Lashes Excessrn
Најмногу одговори под Б – Маскара за издолжување на трепките
rnНа вашиот уникатен и софистициран стил, најмногу ќе прилега маскара со која ќе изгледате како прецизно да сте ја третирале секоја посебна трепка.
Производ: Giorgio Amani Eyes Ro Kill Stretch Lengthening Mascararn
Најмногу одговори под В – Маскара за виткање на трепките
rnЗа природно прави трепки кои едвај се виткаат треба да одберете маскара која успешно ќе го направи тоа. Ви треба маскара со подвиткана четкичка со која полесно ќе успеете да ги извиткате трепките и да изгледате одлично.
Производ: Urban Decay Supercurl Curling Mascararn
Најмногу одговори под Г – Класична маскара
rnНачинот на шминкање ви е ненападлив и класичен, па затоа најмногу ќе ви одговара класичен тип на маскара, кој е суптилен, а сепак ефективен.
Производ: Maybelline Great Lash Washable Mascara
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

