Науката објаснува како кафето влијае на мозокот

Науката објаснува како кафето влијае на мозокот

Како точно кафето функционира и како влијае на мозокот? Нашироко е познато дека кафето е најупотребуваниот стимуланс на мозокот, но како тоа влијае на сивата материја во мозокот од научна перспектива?

1-naukata-objasnuva-kako-kafeto-vlijae-na-mozokot-www.kafepauza.mk_

Еве како научниците објаснуваат зошто по консумирањето кафе, нашиот мозок работи како „луд“.

Сигурно веќе сте чуле дека кафето е пронајдено во Етиопија, откако еден човек забележал дека неговите кози се однесуваат „чудно“ по јадењето зрна кафе. Денес кафето е најпознатиот и најупотребуваниот стимуланс на мозокот. Го консумираме кога се обидуваме да останеме будни, сконцентрирани и во креативната зона.

Кофеинот работи така што блокира друга хемикалија во мозокот, наречена аденозин. Кога работата на аденозинот е блокирана, вашето тело автоматски е повикано на будење. Така што кофеинот не го стимулира вашиот мозок, туку го потиснува делот што ве прави поспани. Дали може да станете зависни од консумирањето кафе? Да, но без грижа, не е ни приближно страшно како зависноста од други супстанции. Всушност, како и сè останато, кафето си има добри и лоши страни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар