Направете сами: удобен кревет за вашето милениче

Сподели

Искористувањето на стари материјали или парчиња облека е одличен начин да заштедите парични средства. Со помош на овој краток и едноставен туторијал, ќе го искористите стариот џемпер за да му направите меко и удобно место за спиење на вашето поспано милениче.

Реклама

Земете го стариот џемпер и наполнете ги ракавите со мек материјал или вид пена. Ставете малку од истиот материјал во средина на џемперот. Двата краеви на џемперот здиплете ги навнатре и зашијте ги. Потоа крајот на едниот ракав ставете го во другиот и зашијте ги заедно за да не излезе материјалот.

Сега слободно може да го израдувате вашето домашно милениче со удобен кревет за спиење и попладневни дремки.

Погледнете го и овој туторијал за како да ѝ направите удобна куќичка на вашата мачка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира