Магнетите за фрижидер се навистина практични, не само што изгледаат убаво туку и служат за прикачување на распореди, потсетници и пораки. Еве како сами да направите магнети за вашиот фрижидер со есенски мотиви.rnrn
rn
Потребно:
rn
- rn011
- 3 бои (црвена, портокалова и жолта) мек материјал
- Црвен, портокалов и жолт конец (внимавајте конците да не се многу тенки)
- Игла за крпење
- Ножици
- Метро
- Парче хартија
- Пенкало
- Мали магнети (лепливи од едната страна; може да ги најдете во добро снабдените маркети и магацини)
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnНа парче хартија внимателно нацртајте неколку различни форми на есенски лисја (долги околу 8 цм) и исечете ги по рабовите со помош на ножици.rnrn
rnrnЛисјата поставете ги врз меките материјали и внимателно исечете ги по рабовите со ножици. Од секоја од трите бои имајте по два модели есенски лисја.rnrn
rnrnЗемете дел од црвениот конец и протнете го низ иглата. Потоа на еден од црвените лисја извезете „вени“ за да изгледа поавтентично. За да го направите ова, најпрво извезете една права линија во средина па разгранете ја на неколку места. Истата постапка повторете ја со другиот црвен лист, па и со другите лисја, така што бојата на конецот ќе соодветствува со бојата на листот. Не трудете се да ги направите везовите сосем идентични, бидејќи не се идентични ни во природата, па бидете слободни.rnrn
rnrnОткако ќе завршите со тоа, залепете по еден магнет на секој од есенските лисја па поставете ги на фрижидерот и уживајте во есенското расположение.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.