Автор: Софија Сионова
„Је ne sais quoi“ e еден од најпознатите француски изрази кој во превод значи „не знам“, но напротив, тој ни малку не го опишува прецизниот и елегантен стил на француските дами. Тој крие интрига и мистерија, и иако модерната француска жена сѐ уште зачувала некои елементи од тоа, оваа реченица во голем дел се коси со францускиот стил бидејќи денес тој дава одговор на сите прашања.
rn
1. Да живее смокингот!
rnОва парче облека кое зрачи со сериозност и строг крој спротивставувајќи се на женската силуета е измислено во 60-тите години на минатиот век од страна на Ив Сен Лоран, а и денес е застапено во плакарите на модерната жена.
rn
2. Клучот е во едноставноста
rnНекогаш лесните, релаксирани и едноставни комбинации се оние кои оставаат најголем и најсилен впечаток.
rn
3. Одберете ниски обувки наспроти високи
rnРамните обувки се првиот избор на француските девојки, а тие се и попрактични за справување со калдрмата.
rn
4. Сведете ги додатоците на минимум
rnСуптилниот стил со минималистички златни додатоци е вистинскиот начин да изгледате како модерна француска дама.
rn
5. Моторџиска јакна
rnКога се прашувате какво палто да облечете, најдобар избор е моторџиската јакна. Верувајте, нема покул од тоа.
rn
6. Оставете нешто незавршено
rnВашата кошула нека биде полуиспуштена надвор од панталоните, некое копче нека остане незакопчано или пак малку подвиткајте ги чизмите и ќе изгледате како намерно да не сте се потрудиле воопшто. Така ќе привлечете внимание, а ќе заштедите и малку време.
rn
7. Покажете малку кожа на невообичаен начин
rnПокажување на деколте и нозе? Досадно. Француските девојки повеќе сакаат оригиналност како покажување на вратот и рамениците или пак голиот грб.
rn
8. Додајте едно нетипично парче
rnТесното кожно здолниште предизвикува уште поголема интрига кога му парира на дебел плетен џемпер и патики.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

