Кога станува збор за празниците, постојат неколку нијанси кои можете да ги забележите кај секого: Црвена, зелена, бела и металик. Додека овие бои се сметаат за празнични, сепак, тие се предвидливи. Затоа, погледнете некои освежувачки комбинации кои можете да ги искористите за празниците што доаѓаат, што ќе направат да бидете поразлични од останатите, а сепак впечатливи.rn
Виолетова, црвена и црна
rnНадополнете ја класичната црвено-црна комбинација со виолетова боја која ќе направи да изгледате невообичаено.rn
Пастелно сина, црна и сребрена
rnПовторно, сѐ е во деталите. Црниот појас околу половината и декоративните елементи на фустанот се одлична комбинација за вашиот празничен избор.rn
Жолта, сребрена и црвена
rnСигурно ќе се издвоите од многуте црни фустани, доколку се одлучите за жолтата боја. Надополнето со сребрени и црвени детали, вие ќе добиете прекрасен празничен изглед.rn
Сина, темно црвена и темно сина
rnСината и темноцрвената самите по себе се класични бои. Комбинирајте ги со други нијанси, како што е на пример темно сината и ќе добиете интересен и поразличен изглед.rn
Румена, жолто-кафена и моден додаток во повеќе бои
rnКадифеното крзно како да е направено за празниците. Изберете едно такво елегантно и модерно парче, а потоа надополнете го својот изглед со моден додаток во повеќе бои, како што е на пример мала чанта.rn
Бела, зелена, розова и сина
rnОдличен начин да го искористите вашиот летен фустан. Додајте бел џемпер со силно розова чанта и високи потпетици и бидете спремни за забавата.rn
Крем, румена и темноцрвена
rnРумената и крем бојата се нежни нијанси кои одлично ќе изгледаат доколку додадете некој детаљ во темноцрвена боја.rn
Крем, црна и румена
rnНаправете ги комбинациите што ви одговараат и со овие бои нема да погрешите!rn
Црна, златна и темноцрвена
rnНе сакате да се откажете од црната и златната боја? Изберете некои интересни модни додатоци и надополнете со темноцрвена боја, па ќе постигнете прекрасен изглед!


