Стопанска комора на Македонија и Бизнис центар за тренинг и обука - најдобрата опција за неформално образование

Стопанска комора на Македонија и Бизнис центар за тренинг и обука – најдобрата опција за неформално образование

Неформалното образование, како начин на стекнување знаење, вештини и квалификации настрана од училишните клупи и факултетските предавања, денес претставува мост кој младите луѓе и професионалци ги поврзува со квалитетни работни места и кариерен напредок. Доживотното учење и постојаното надградување овозможуваат широк спектар на знаења, но уште поважно – можност за специјализација во определена област што пак ве прави конкурентни на пазарот на трудот.

Стопанска комора на Македонија и Бизнис центар за тренинг и обука

Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука овозможува преквалификација и доквалификација на кадар преку програми за образование на возрасни за оние занимања кои што се дефицитарни во Република Македонија и за кои има побарувачка на пазарот на трудот. Со ова, директно се влијае врз намалувањето на јазот помеѓу потребите на компаниите за квалификувана работна сила со определени вештини и способности од една страна и понудата на работна сила од друга страна.

Во моментот Бизнис центарот за тренинг и обука ги нуди следните верифицирани програми:

Сите обуки се спроведуваат според верифицирани програми од страна на Центарот за образование на возрасни, а учесниците по успешното завршување на обуката добиваат сертификат од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

Покрај програми за преквалификација и доквалификација, Бизнис центарот за тренинг и обука нуди и обуки за надградување и стекнување на нови вештини потребни на работното место кои во крајна линија би им овозможиле на вработените поголема ефикасност и ефективност на работното место. Со цел стекнување експертско знаење и споделување искуство со професионалци од државата и регионот, формулиравме програми за две Бизнис академии и тоа за најпросперитетните и најбараните занимања:

  1. Бизнис академија за менаџмент на човечки ресурси и
  2. Бизнис академија за контролинг менаџер

Бизнис академија за менаџмент на човечки ресурси

Учесниците на оваа Бизнис академија имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Бизнис академијата содржи 9 различни модули и тоа:

  1. Стратегиски менаџмент на човечки ресурси;
  2. Организациски дизајн и ре-дизајн од аспект на менаџментот на човечки ресурси;
  3. Регрутирање и селекција на вработените;
  4. Закон за работни односи и етика во работењето;
  5. Системи за управување со проценка на резултатот на вработените;
  6. Наградување и мотивирање на вработените;
  7. Стратегија за едукација и развој на вработените и планирање на кариера;
  8. Лидерство и личен развој;
  9. Од кадровска до стратегиска функција на човечки ресурси.

Ангажираните предавачи се експерти од областа на менаџмент на човечки ресурси и законската регулатива поврзана со работни односи, со долгогодишно и богато искуство.

Бизнис академија за контролинг менаџер

Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина како и за подобро функционирање на компаниите. Бизнис академијата за контролинг менаџер содржи 11 модули и тоа:

  1. Организација и менаџмент;
  2. Финансиско сметководство;
  3. Контролинг и улогата на контролoрот во претпријатието;
  4. Деловно планирање и контролинг;
  5. Контролинг на трошоци и сметководство на трошоци;
  6. Контролинг на продажба, пост – продажни активности;
  7. Контролинг во маркетинг;
  8. Контролинг и управување со човечки ресурси;
  9. Контролинг на инвестициски проекти;
  10. Контролинг на набавка, производство и залихи;
  11. Контролинг и информатичка технологија;
  12. Деловни извештаи за контролингот со презентации за менаџментот.

Предавачите се консултанти од областа на контролингот, експерти од областа на финансиско сметководство, корпоративните финансии, инвестициите, финансискиот инженеринг и менаџментот со ризици.

Бизнис центарот за тренинг и обука нуди и модуларно следење на двете академии, односно пријавување и слушање по нивоа. Уписите за Ниво 1 од двете академии се веќе во тек!

Следете нѐ на нашата веб страна и Фејсбук профил!

Лица за контакт:
Симона Ристоска
02 32 44 067
simona@mchamber.mk
м-р Борис Тримчев
072 207 091
boris@mchamber.mk
 



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар