Мајка на 4 деца починала од рак, но во аманет им оставила писмо со 20 животни совети
Ен-Мари Џејмс-Томас, мајка на 4 деца, во својата 44-та година починала од рак, но претходно не заборавила да му го остави на своето семејство најскапоцениот подарок – писмо со 20 совети кои ќе им помогнат полесно да се носат во животот. Заедно со писмото била и оваа порака:
„Благодарна сум што имав толку добар сопруг на своето патување низ животот. Сами можете многу да направите, но двајца можат да се направат сѐ. Благословена сум и со своите деца, сигурна сум дека без нив би била сосема поинаква и празна личност. Убаво е да имаш едно дете, а да имаш толку среќа со 4 ангели, тоа е чудо.“
На оваа порака ги приложила 20-те совети за среќа:
1. Сѐ што правиме во животот ќе ни се врати без исклучок.
2. Сите можеме да си ја пишуваме сопствената среќа и не треба да дозволиме други да го прават тоа наместо нас.
3. Сѐ што се случило во минатото нема моќ над нас, освен ако самите ние тоа не го дозволиме.
4. Кога луѓето ќе ви покажат кои се навистина, не менувајте го мислењето.
5. Грижата само ни ја одзема енергијата, подобро е таа енергија да ја пренасочуваме кон нешто корисно.
6. Она во што веруваме е посилно од она што го сакаме. Секогаш постануваме она во што веруваме.
7. Ако вашите молитви се само во облик на благодарност за она што го имаме, и тоа е во некои моменти од животот
сосема доволно.
8. Среќата која ја чувствуваме е пропорционална со љубовта која ја даваме.
9. Ако сте наишле на неуспех, нека ви биде тоа мотив да не се откажете. Тргнете по друг пат.
10. Верувајте ѝ на својата интуиција, така ретко лаже.
11. Сакајте се себеси и учете цел живот. Таа љубов пружете им ја на други.
12. Во сѐ што правите нека ве води страста.
13. Љубовта не боли, дури преубаво е да се љуби.
14. Секој нов ден е прилика за нов почеток.
15. Сомнежот е сигнал за „не“. Кога се сомневате, бидете внимателни и добро размислете.
16. И лошите моменти се составен дел од животот. Не заборавајте, тие не траат вечно, бидете трпеливи.
17. Кога ви е најтешко, мислете на тоа дека ќе помине. Ништо лошо не трае вечно.
18. Бидете верни на себе.
19. Кога не знаете како понатаму, трпеливо чекајте.
20. Во животот на некои прашања не наоѓаме одговор. Решението доаѓа тогаш кога најмалку се надеваме и кога најмалку очекуваме.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.