КАФЕ ПАУЗА

Водич за тантрички секс: Вака воделе љубов пред 5.000 години

Вистинското значење на тантричкиот секс е „испреплетување и ширење на енергиите, а резултатот е емотивно и физичко зближување на партнерите, а не оргазам.rnrnМожеби тантричкиот секс ви звучи како нешто комплицирано и непривлечно, но оние кои го пробале, велат дека не сакаат да се вратат на традиционалното водење љубов. За тантричкиот секс не е нужно потребно многу време, а резултатите може да бидат неверојатни.rnrnvodich-za-tantrichki-seks-vaka-vodele-ljubov-pred-5-000-godini-kafepauza.mkrn

Што е тантрички секс?

rnТантричкиот секс постои повеќе од 5.000 години. Се работи за древна хинду практичка, во која крајната цел не е оргазам. Но, оргазмот е често добредојдено изненадување. Според експертите, неверојатното зближување на телото и умот на партнерите може да доведе до силен оргазам. Во тантричкиот секс може да се пробаат сите оние кои сакаат малку да си го освежат љубовниот живот.rn

Зошто да пробате тантрички секс?

rnТантричките експерти веруваат дека можете да доживеете вистинска екстаза ако вложите малку време и труд во водењето љубов. А очигледно би ви се исплатело, бидејќи овој на вид водење љубов фанови се и некои од најголемите ѕвезди на денешницата. Том Хенкс и Стинг се само некои од презадоволните љубители на овој вид секс. Дури, жената на Том Хенкс, Труди Стајлер, во една прилика има изјавено дека нејзиниот маж може да води љубов и до 5 часа непрекинато.rn

Како да изведете тантрички секс?

rnДобрата работа кај тантричкото водење љубов е во тоа што не е ориентирано кон одредена цел, што значи дека не мора да се трудите да научите што и како треба да направите. Трикот е всушност во тоа мислите потполно да ги ослободите од идејата за оргазам и целосно да се опуштите. Наместо на оргазам, мислете на предиграта и потрудете се таа да биде вистинско уживање за вас и за вашиот партнер, и така сѐ додека не сте сигурни дека е време да ги доведете работите до природен крај. Без брзање. Секако, тоа е полесно да се каже одошто да се направи, па затоа луѓето користат разни техники како медитација, дишење и масажи.rn

Што да правите?

rnАко сакате да ја испробате оваа техника на водење љубов, еве што треба да правите:rnrnИзгаснете го светлото, а со тоа и остатокот од светот. Тука сте само вие и вашиот партнер. Сѐ останато е неважно и не би требало да размислувате за ништо друго.rnrnОпуштете го телото: Поентата на тантрата е слободен проток на енергијата низ целото тело, па затоа е потребно да биде опуштено. Најдобра вежба е да станете и добро да ги протресете сите делови од телото.rnrnИзбегнувајте го креветот: Креветот може да ве потсети на спиење, а тоа ќе ве натера да го забрзате процесот. Поентата е всушност токму во спротивното, чинот што подолго да трае.rnrnНаместете се удобно: Лежете на под со партнерот и почнете полека да се допирате по целото тело. Не брзајте, посветете се на секој дел од неговото/нејзиното тело.rnrnЕкспериментирајте: Испробајте неколку различни видови допири: силна масажа, нежни допири како со пердув, снажни зафати. Целта е да му ги надразните на партнерот сите сетила и да го доведете скоро до врвот, но не и до самиот врв.rnrnКонцентрирајте се на дишењето: Ако умот почне да ви лута, обидете се да се концентрирате на дишењето. Неопходно е цело време да бидете умствено присутни во моментот, па оваа вежба со дишењето ќе ви помогне во тоа.rnrnНе откажувајте се: Ако издржите барем 10 минути, обидете се пак следниот пат. Сите сме навикнати на западњачки секс на брзина, па тантрата може да биде малку тешка за совладување.rn

Вежби за тантрички секс

rnСо тек на време и со помош на некои вежби ќе научите потполно да се опуштите и да уживате, па нема да треба да мислите на насоките. Но, за почеток, обидете се да ги правите работите по овие чекори, бидејќи тоа е вистинскиот начин за влез во светот на тантрата. Со оглед на тоа дека поентата на тантричкиот секс е зближување со партнерот, овие вежби можат многу да ви помогнат да го разберете овој стил на водење љубов.rnrn1. Обидете се да се поврзете со дишењето. Застанете или седнете еден наспроти друг и гледајте се во очи. Вашата лева рака ставете ја на градите на партнерот, каде што се наоѓа срцето. Партнерот треба да го направи истото и притоа треба да се обидете да го ускладите дишењето. Оваа вежба треба да трае најмалку 2 минути.rnrn2. Седнете еден кон друг, а најдобро би било женското да седи во скутот на машкото. Обвиткајте ги рацете меѓусебно и спојте ги вашите голи тела. Овој вид контакт на кожата ја подобрува интимноста.rnrn3. Поместувајте се и дишете полека и лесно, така ќе можете да ги избегнете сите пози кои го прават доаѓањето до оргазам лесно и брзо. Наместо брз оргазам, работете на бавно и постепено градење на возбудувањето. Што побавно дозволите да се возбудите, толку вашиот евентуален оргазам ќе биде поснажен и поинтензивен.