Постојат многу начини на кои дипломата по психологија може да ви помогне, не само во кариерата, туку и во животот воопшто. Еве кои се тие.
rn
Полесно поврзување со другите луѓе
rnСтудирањето психологија може да ви помогне во градење подобри врски со другите. Дел од студиите по психологија е и предметот социјална психологија, каде што се изучува комуникацијата и поврзувањето со другите луѓе. Познавањето на таа општествена динамика, ќе ви овозможи полесно да остварувате контакти и да се доближувате кон останатите. Исто така, ќе умеете да ги набљудувате сопствените постапки, да се преиспитувате како личност и да се однесувате најдобро што можете во комуникациските односи.rn
Предност при решавањето конфликти
rnКонфликтите се составен дел на животот, но откривањето и разбирањето на нивното потекло, ќе ви помогне да ги ублажите последиците од нив. Кога разбирате што луѓето ги прави лути, повредени или тажни, најчесто можете да избегнете доста конфликти. Психологијата подучува дека при конфликтите има два најважни одбранбени механизми: да се потрудите да ги разберете гледиштата на другата страна и да сослушате што тие имаат да кажат.rn
Подобри комуникациски вештини
rnСтудиите по психологија ги подобруваат и комуникациските вештини, што се најважни за професионалниот и социјален живот. Неизбежно е да налетате на луѓе со кои и не баш добро се согласувате, но знаењето како да ги смирите страстите со помош на ефективна комуникација, многу ќе ви помогне. Психологијата нѐ учи да бидеме отворени во односите со другите, со што би ги одбегнале недоразбирањата.rn
Самоспознавање
rnПредметите психологија на личноста, когнитивна психологија и развојна психологија, ќе ви помогнат да се откриете себеси. Ќе ги спознаете своите сили и слабости и начинот на кој стоите во односите со другите луѓе.rn
Способност за самопомош
rnНекои луѓе во животот страдаат од панични напади, проблеми со исхраната и анксиозност. Клиничката психологија ќе ви посочи како можете да си помогнете самите, на најразлични начини. Учењето на ваквите опции за самопомош, ќе ви даде чувство на поткрепа и самодоверба во животот, воопшто.rn
Прифаќање на сопствената нормалност
rnСтудиите по психологија, покрај другото, ќе ви помогнат да сфатите дека и не сте многу различни од другите. Понекогаш си мислиме дека ние сме единствените кои минале низ одредени тешки ситуации, но ова е далеку од вистината. Послични сме со останатите одошто мислиме.rn
Професионална надградба
rnИ за крај, работата како психолог ќе ве поврзе со најразлични луѓе и судбини, од чие непријатно искуство и вие самите многу ќе научите. Работата е динамична и постојано учите нешто ново и се надградувате. Преку работата како психолог учите за себе, за другите, за животот воопшто.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

