Организацискиот дизајн на модерните компании бара од вработените да бидат брзи, ефикасни и ефективни во извршувањето на тековните обврски, а притоа постојано да произлегуваат со нови и креативни предлози. Модерните компании, свесни дека наметнувањето на потребата од креативно размислување и барањето да се биде прв во нешто, не е доволно, бараат нови методи за тоа како да ги инспирираат и мотивираат вработените на вистинскиот начин.rnrnGoogle имаат воспоставено програма со која на вработените им се овозможува 20% од работното време да го „потрошат“ на споредни проекти. Од оваа програма, поради времето и просторот кое што им е овозможено за иновативно размислување без притисоци, Google за возврат од вработените доби еден од своите најдобри производи – Google news.rnrnНекои велат дека креативното размислување е вродена особина и не може да се научи, што најверојатно и не е вистина, но и доколку се согласиме со ова сепак на креативните луѓе во компанијата им треба простор за изразување и иновативност. Советите кои што следат подолу ќе ве насочат како да ја измените атмосферата на работното место и да им овозможите на вработените да бараат иновативност во својата работа.rnrn
rn
1. Наградете ја креативноста
rnДоколку вработените треба да ги насочите да размислуваат „надвор од кутијата“, таквото размислување не треба да биде само поттикнато туку и наградено. Наградата може да биде едноставно и фактот дека сериозно размислувате за предлогот и дека ја земате предвид идејата на вработениот, односно посветувате дел од своето време за да ја разгледате, па дури и да дадете предлози за доразвивање. Вработените ќе мислат дека нивниот труд е бесполезен и дека само си го трошат времето доколку идеите кои ги предлагаат не се земени предвид.rn
2. Анонимност и доверливост
rnНекои луѓе немаат проблем да ги искажат своите идеи пред надредените или пак менаџмент-тимот на компанијата, но секако дека голем број вработени не се чувствуваат пријатно при јавно презентирање и токму поради тоа нивната креативност не излегува на површина, а идеите не се реализирани. Кутија за предлози би била одлично решение во овој случај, при што доколку сакаат вработените можат да останат анонимни, а сепак да придонесат со својата иновативност. Од друга страна пак, практиката покажува дека сепак најдобрите идеи произлегуваат од brainstorming-сесии и тимска работа, па токму поради тоа е потребно да се балансира помеѓу јавното и анонимното предлагање на идеи.rn
3. Иновативни тимови
rnЕден од најконструктивните начини да се поттикне креативното размислување во една компанија, при што најчесто на тимовите им се дава задача да разработат определен процес или пак да предложат сосема нов начин на извршување некоја активност. Тука треба да се внимава, бидејќи најчесто на иновативните тимови им се поставуваат рокови за исполнување на задачата па од таа причина вработените често ова го сфаќаат како дополнителна обврска, а притисокот предизвикува спротивен ефект, па наместо креативност се соочуваат со страв од неуспех. Најдобрите идеи сепак доаѓаат спонтано и самоиницијативно.rn
4. Поддршка на креативноста
rnСтравот од грешки и неуспех е најголемата сопирачка на креативниот процес, при што вработените најчесто се плашат од тоа како ќе биде примена идејата од останатите, особено оние на повисоко ниво. Негативните реакции на идеите кои не ви се допаѓаат или не се изводливи треба да бидат сведени на минимум, односно заменети со конструктивна критика и поттик за понатамошна работа.rn
5. Позитивна работна атмосфера
rnТензијата и стресот на работното место можат да доведат до непродуктивност и страв од изразување. Дополнително, се гаси мотивацијата за унапредување во работата и на крајот вработените само чекаат да заврши денот. Оттука произлегува трендот на понапредните компании за team building активности, забавни проекти или заеднички дружења надвор од работното место, кои во крајна линија овозможуваат позитивна и отворена комуникација меѓу вработените.rnrn
rn
Бонус идеи:
rn
- rn011
- При првото вклучување на компјутерите со почетокот на новиот работен ден, вработените нека ги пречека некој позитивен цитат, хумористична мисла или пак можеби честитка за роденден. На овој начин денот започнува со позитивен набој кој ќе поттикне интеракција и креативност меѓу вработените.
rn
rn
- rn011
- Барем еднаш годишно овозможете им на вработените да си ги донесат своите деца и внуци со цел да им покажат како го поминуваат работното место. Сликајте го настанот, поставете ги фотографиите на видно место како вашите потрошувачи би имале можност да видат дека купуваат од компанија која ги цени семејните вредности.
rn
rn
- rn011
- Собирајте ги достигнувањата на компанијата и поединечните успеси на вработените на едно место. Пишувајте за нив, снимајте, документирајте и направете го материјалот достапен за сите.
rn
rn
- rn011
- Охрабрете ги директорите на одделните сектори еднаш месечно да направат некој гест којшто ќе ја поттикне позитивната атмосфера, нешто едноставно како купување кафе или на пример крофни за сите, што нема да ја прекине продуктивната работна атмосфера, а сепак ќе остави впечаток.
rn
rn
- rn011
- Додадете сликичка, честитка за некој претстоен празник или пак мотивирачки цитат на меморандумите кои што ги користи компанијата.
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.