Науката докажува дека скршеното срце не е само метафора

Науката докажува дека скршеното срце не е само метафора

Кога некој ќе рече дека срцето му е скршено, друг може тоа да го перципира како претерување. Но скршеното срце не е само метафора, а оние кои имале некое навистина болно и разочарувачко искуство во љубовта, би се согласиле со тоа.

Науката докажува дека ваквото страдање навистина може да му нанесе штета на срцето, а физичките реакции може да се поврзат со менталната болка. Имено, кога ќе искусите физичка болка, како исекотина на пример, се активира истиот дел од мозокот како кога се чувствувате отфрлени или пак сте искусиле голема загуба. Па, можеби физичката и психичката болка и не се толку различни колку што мислиме дека се.

Сепак, за исекотина може да употребиме фластер, но ова не е доволно за да го залечиме скршеното срце. Ублажување на болката од скршеното срце може да се постигне така што личноста повеќе и почесто ќе биде опкружена со своите пријатели и семејството. Социјализирањето и поддршката од блиските делува буквално како лек на длабока рана – полека, но ефективно.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар