15-те најважни моменти во една врска

15-те најважни моменти во една врска

Од првиот сладок бакнеж, до првата заедничка ноќ и заминувањето на годишен одмор, ова се работи кои ја обележуваат љубовната врска.

15-те најважни моменти во една врска

1. Првиот разговор

Првиот разговор е возбудлив скоро како и првиот бакнеж. Трае со часови, а се чини како да поминал за миг. Тогаш дознавате за неговата/нејзината омилена храна, за срамните ситуации од неговото/нејзиното минато и слично. Сакате да чуете сѐ и воопшто не ви е здодевно.

2. Првиот бакнеж

Бил неспретен или страстен, првиот бакнеж е сепак посебен момент во врската. Се памети цел живот.

3. „Ова е мојот дечко“ („Ова е мојата девојка“)

Оваа реченица е знак дека партнерот има сериозни намери за врската. Првото претставување значи дека тој е посветен на вас и на самата врска.

4. Првата преспиена ноќ

Ова е ситуација која ќе ја одреди вашата иднина бидејќи токму првата ноќ заедно е показател како би изгледале сите останатите заеднички ноќи.

5. Првото „те сакам“

Да кажете некому дека го сакате е многу убаво, но може да биде и многу стресно. Секогаш ќе се прашувате што може другиот да одговори на тие две мали слатки зборчиња. Исчекувањето ќе го дефинира вашиот однос.

15-те најважни моменти во една врска

6. Првото „ние“

Првиот заеднички потпис на честитка или на картичка за подарок е показател дека виде двајца сте станале едно „ние“.

7. Првата кавга

Кавгите се вообичаен дел од секоја врска, но кога ќе почнат да фрчат искри за првпат, тоа се памети, а особено кога после тоа ќе следува слатко смирување.

8. Првото заедничко патување

Првото заедничко патување е вистински тест за врската. За само неколку дена можете да дознаете како функционирате заедно, да ги откриете навиките на партнерот, како и да ја запознаете неговата личност без преправања.

9. Првиот шопинг

Шопингот е стрено искуство, особено за машките кои најчесто немаат нерви да шетаат со часови низ трговските центри. Тоа ќе биде тест за неговите нерви и неговиот праг на толеранција.

10. Препуштање на далечинскиот управувач

Машките се доста посесивни кога станува збор за управувањето со телевизорот, па кога првпат ќе го предадат далечинскиот управувач на партнерката, тоа е знак дека нејзината среќа им значи повеќе од својата. Макар и тоа да значи дека ќе треба да гледаат турска серија.

15-те најважни моменти во една врска

11. Замислување на заедничката иднина

Моментот кога ќе сфатите дека со него/неа сакате да го поминете остатокот од животот е клучна пресвртница во врската. Обврзувањето за делење на животот со некого значи дека ќе бидете со него и во добро и во зло, а не дека ќе избегате при првиот знак на проблем.

12. Првиот пат без шминка

Тоа што девојките ќе се појават во тренерки и без шминка пред своите партнери е всушност добро, значи дека се чувствуваат удобно покрај своите момци и не чувствуваат дека треба да се кријат зад шминка.

13. Посета на лекар

Заедничкото одење на лекар е вистински тест за врската. Во таков момент треба да бидеме посилни за својата друга половина и да ја дадеме својата поддршка. Таа ситуација ќе му покаже на партнерот дали сме доволно силни за предизвиците кои ги носи иднината.

14. Заедничка грижа за милениче

Не е важно дали чувате домашно милениче или орхидеја, со самото тоа што двајцата ќе се грижите за нечиј живот, вашата врска станува поцврста.

15. Преданост

Преданоста е, покрај љубовта и меѓусебното почитување, најважниот дел од секоја врска. Моментот кога ќе сфатите дека партнерот ви е целосно предаден, ќе ве натера да се трудите уште повеќе околу врската, за да не го изгубите она што го имате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар