Автор: Ана ПетровиќrnrnНе дозволувајте вашата колекција на марами да стои во плакарот. Искористете ги на креативен и интересен начин. Токму поради фактот што модата се менува и она што сте го купиле пред една деценија, веќе не го носите, тука е ентериерот на кој добро би му дошло едно мало разубавување.rnrnДоколку сакате да внесете разиграни бои и уникатни шари во домот, во продолжение ви претставуваме неколку идеи како да го направите тоа.rn
Наслон на кревет
rnНадополнете го вашиот еднобоен кревет со преубав дезен на марама, со кој би добил сосема различна нота.rnrn
rn
Обвиткајте ја вазната
rnМарамите имаат двојна функција. Освен што ја надополнуваат вашата облека, можат да послужат и како декоративен детаљ во просторот, кој внесува свежина и радост во вашиот дом. Врзете ја вашата марама на омилената вазна за цвеќе. Ова е и одличен начин да ја маскирате обичната тегла ако немате вазна.rnrn
rn
Украс за столиците
rnНајдете една или две марами со иста должина и ставете ги на столот како украс.rnrn
rn
Марама во рамка
rnКој би се сетил да урами некој уникатен дезен на марама и да го закачи на ѕидот во некоја од собите? Прекрасна идеја, која ќе ги воодушеви вашите пријатели.rnrn
rn
Навлаки за перници
rnМарамите искористете ги и како навлака за перници. Одберете ги најубавите свилени марами, кои би придонеле за пософистициран изглед на мебелот.rnrn
rn
Марама на ѕидот
rnЕдноставно и лесно. Земете ја вашата стара марама во винтиџ стил и закачете ја на ѕидот. Можеби звучи чудно, но доколку сте љубители на боемскиот стил, ова е одлична идеја за уредување на домот.rnrn
rn
Обложете ги столиците
rnТапацирајте ги вашите столици или наслони со помош на марамите. Тие ќе добијат нов изглед, а вашата работа ќе биде завршена, бидејќи столиците ќе изгледаат како нови.rnrn