Ако сте родени помеѓу 19 февруари и 20 март, веројатно ги поседувате овие 10 клучни карактеристики за хороскопскиот знак Риби.rnrn
rn
1. Имате длабоки чувства, за себе и за другите
rnРибите се емотивни души. Иако нивната емпатија е многу корисна особина, може да ги направи преемотивни бидејќи тие често се преоптоваруваат со проблемите на другите.rn
2. Вие сте дарежливи и сочувствителни
rnРибите се веројатно највпечатливиот знак кој е подготвен да се жртвува себеси за доброто на другите. Заради ова луѓето ги сакаат и почитуваат, но тие истовремено мора да внимаваат нивната дарежливост да не биде злоупотребена.rn
3. Со вас е лесно да се поминува времето
rnЛуѓето родени во хороскопскиот знак Риби имаат тенденција да бидат опуштени и флексибилни. Од друга страна, за Рибите често може да биде тешко да се самомотивираат или да донесат одлука и да останат доследни на неа.rn
4. Вие сте сонувачи
rnРибите се спиритуални, рефлексивни луѓе кои сакаат да размислуваат за себе и за нивното место во светот. Треба да се потпирате на други луѓе за да останете во реалноста, инаку би можеле да сонувате со отворени очи со часови.rn
5. Вашиот омилен тип забава е забава од сожалување
rnРибите имаат нагон да ги потиснуваат чувствата и желбите во себе, што може да ги направи многу потиштени. Меланхоличните Риби знаат да станат млитави, па голема е веројатноста да ги начекате по цел ден дома во тренерки.rn
6. Вие никогаш не сте на време
rnЈа знаете онаа ситуација кога некој сака да се најдете во 7.30, но бидејќи знае дека секогаш доцните, ви кажува да се чекате во 7? Секако дека знаете, бидејќи сите ваши пријатели и сите кои ги знаете секогаш ви го прават тоа.rn
7. Вие не верувате во планирање
rnНе правите конкретни планови, не одите на шопинг со листа, ниту се потпирате на GPS уреди за да стигнете на саканата дестинација. Наместо тоа оставате работите да течат природно и да се случуваат спонтано. Понекогаш ова излегува на добро, но понекогаш и ви се одбива од глава.rn
8. Артистички души
rnРибите се обично артистички типови кои имаат природен дар за сликање, музика, пишување поезија и слично. Уметничкото изразување е всушност една од малкуте работи кои Рибите се чувствуваат комотно да ги споделуваат со другите, откривајќи го својот талент.rn
9. Тешко ви е да кажете НЕ
rnРибите не сакаат да повредат ничии чувства и дозволуваат да бидат повредени самите. Ова ги прави тешки за конфронтации и одбивање на барањата од другите луѓе.rn
10. Безнадежни романтичари
rnКреативноста и сензитивноста на Рибите ги прави родени романтичари. Нивната чувствителност ги тера да прават еден куп мали слатки нешта за луѓето кои ги сакаат или со кои се во врска. Сепак, бидете внимателни да не се заплеткате премногу во врската.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.