Пејзажи кои ќе ви го одземат здивот

Сподели

Фотографот Вирапонг Чаипук од Бангкок, Тајланд ја открил својата страст за фотографирање откако се пензионирал од медицинската професија. Денес, Чаипук патува низ светот и прави фотографии од сите прекрасни пејзажи на кои ќе налета. Неговите неверојатни фотографии ви нудат брилијантни перспективи кои се богати со боја, текстура и содржина. Интересно е како овој фотограф без разлика на тоа каде се наоѓа, успева да ја долови величественоста на секој пејзаж.

Реклама

Неговата колекција од фотографии која постојано се зголемува, побудува голем број емоции кои истовремено ја покажуваат и убавината на природата и ги инспирираат другите да патуваат и да ги видат овие прекрасни места и со свои очи.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира