КАФЕ ПАУЗА

5 сигурни начини како да ја уништите здравата салата

5 сигурни начини како да ја уништите здравата салата

Салатата е совршено здрав оброк и звучи како многу здрава опција во која било форма, освен кога ќе ja уништите. Дури и кога целиот ваш оброк е салата, таа мора да содржи најмногу зеленчук. Бидете претпазливи со секој вид додаток, бидејќи лесно можете да ја направите многу калорична. Во продолжение погледнете како ја уништувате здравата салата.rnrn5 сигурни начини како да ја уништите здравата салатаrn

Премногу масло

rnСалатите од зелен зеленчук може да бидат невкусни ако не им додадете неколку капки масло. Но, најголемата грешка е прекумерното додавање масло. Измерете на лажица и нека биде една.rn

Премногу сирење

rnСирењето во салатата е одлична состојка, но важна е количината. Ако ставите коцки фета сирење, кое е мрсно и калорично, тогаш внимавајте да не претерате.rn

Премногу кубети

rnКоцките препечен леб им даваат на салатите поголема хранливост, но во нив има многу калории, па затоа бидете внимателни. Ако ги ставате поради тоа што се крцкави, не заборавајте дека и неколку ореви или бадеми ќе го дадат истиот ефект.rn

Премногу протеини

rnАко додадете парчиња месо или варени јајца во салатата, добивате целосен оброк. Но, внимавајте да нема повеќе месо од салата и месото да е варено, а не пржено.rn

Премногу прелив

rnГотовите преливи навистина можат да го подобрат вкусот на салатата, но тие се многу калорични и често се полни со штетни адитиви. Сокот од лимон или лимета е секогаш најздравиот прелив, а исто така дава и одличен вкус.rnrnПрочитајте кое растение е најздравата и највкусната веганска алтернатива на рибите.