КАФЕ ПАУЗА

10 начини на коишто го нервирате вашиот шеф

Written by

in

,

Без разлика дали станува збор за односите со вашите колеги или пак со вашите претпоставени, несомнено е дека деловните односи честопати може да бидат комплицирани. Иако немате лоши намери, со некои ваши постапки можете несвесно да ги нервирате оние околу вас. Што се однесува конкретно до вашиот шеф, погледнете кои се десетте најчести навики со коишто можете да го изнервирате.rnrnrn

1. Секогаш доцните

rnВашиот шеф нема да биде импресиониран од изговорите, без разлика дали причина за тоа е метежот во сообраќајот, проблемите со паркингот или пак со вашите деца. Секогаш постои начин да стигнете навреме, доколку научите подобро да управувате со вашето време.rn

2. Премногу се потпирате на мејловите

rnУште една навика којашто го иритира вашиот шеф е тоа што му ги препраќате мејловите коишто не се многу значајни. Подобро е да ги издвоите важните прашања и да му ги соопштите, при што ќе ја поедноставите комуникацијата.rn

3. Озборувате во канцеларијата

rnСитуацијата навистина може да биде непријатна доколку вашиот шеф ги слушне вашите озборувачки разговори. Всушност, тој смета дека вие вашата енергија премногу ја посветувате на неважни работи, при што не оставате добар впечаток.rn

4. Постојано треба да ве потсетуваат

rnБез разлика дали станува збор за почитување на некој краен рок или пак за извршување на некоја редовна задача, не дозволувајте постојано да ви е потребно потсетување. Секако, ако не успевате да ги исполните временските рокови, вашиот шеф во право е да ви се лути.rn

5. Постојано го користите телефонот

rnИако не ви е забрането користење мобилен телефон за време на работните часови, вашиот шеф смета дека со постојаното негово користење се намалува вашата продуктивност. Затоа, бидете внимателни и разумно користете го телефонот.rnrnrn

6. Доминирате на средбите

rnНе дозволувајте постојано да зборувате и да се изгубите во вашите зборови, додека вашите колеги и претпоставени не уживаат во тоа. Не водете монолог, зборувајте само онолку колку што е потребно.rn

7. Живеете во сопствен свет

rnОва се однесува на тоа дека вие живеете и работите во свој мал свет, притоа судирајќи се со реалниот свет во канцеларијата. Вашите желби и потреби не се централниот проблем на компанијата. Не заборавајте уште еднаш да се потсетите која е нејзината мисија.rn

8. Премногу се базирате на претпоставките

rnСекако дека некоја ситуација ќе бара да претпоставувате одредени работи, но понекогаш тие може да доведат до недоразбирања и да ја уништат транспарентноста помеѓу персоналот.rn

9. Премногу користете боледување

rnДодека користите слободни денови, вашиот шеф мора да најде некој којшто би ве заменил. Доколку тоа се случува премногу често, тогаш тоа лошо ќе се одрази врз целокупниот персонал.rn

10. Означувате сè како да е итно

rnМислите дека вашиот шеф треба да знае сè, односно секоја ситница. Ова може да доведе до непотребни непријатности, па и до занемарување на вистинските проблеми. Научете ја разликата помеѓу она што е навистина важно и она што е од помала значајност за компанијата.