Неколку причини зошто не треба да се срамите

Неколку причини зошто не треба да се срамите

Секој од нас имал моменти кога се чувствувал засрамено. Срамот предизвикува стрес, негативни чувства и претерано размислување за она што сме го направиле. За да се поштедите себеси од такви моменти, еве неколку причини зошто не треба да се срамите и целосно да му се радувате на животот.

nekolku-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-sramite-kafepauza.mk

Срамот може да го попречи остварувањето на вашите цели

Младоста е период за остварување на зацртаните планови и соништа, каде грешките се секако дозволени. Доколку дозволите „грешките“ да завладеат со вас и да направат да се чувствувате засрамено, тогаш престанувате да учите и да напредувате.

Луѓето немаат време да размислуваат за вас

Секој човек е толку опседнат со себеси и сопственото его, што можеби вие самите сте единствените што толку се грижите и обрнувате внимание на направените грешки. Другите луѓе веќе и онака имаат за што да се грижат во нивните животи. Тие едноставно немаат време да седат, да размислуваат и да се смеат на она што вие погрешно сте го направиле.

Кога не покажувате срам и другите не го забележуваат

Доколку погрешите нешто и веднаш почнете вербално да се омаловажувате, тоа другите веднаш ќе го забележат и ќе најдат начин да го искористат против вас. Доколку пак, настапите со став дека тоа не е ништо страшно и едноставно продолжите понатаму, побогати за едно искуство, другите можеби и нема да го забележат срамот што само вие длабоко во себе сте го почувствувале.

Научете да се смеете на сопствените грешки

Нема нешто послатко од тоа да се смеете на сопствените грешки. Заборавете на сериозноста и понекогаш бидете спремни и на ваков чекор.

Сите ќе умреме еден ден

Каква врска има смртта со срамот? Еве што вели Стив Џобс на оваа тема:

„Потсетувањето дека наскоро ќе умрам, можеби беше она што најмногу ме охрабри да ги направам најзначајните избори во животот. Бидејќи речиси сè – сите надворешни очекувања, сета гордост, сиот страв од засраменост и неуспех – едноставно исчезнуваат кога сте соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина важно.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Mihaela Reply

    За сите оние кои што се срамат, им ја препорачувам книгата “Вероника реши да умре” од Пауло Коељо. Книгата е мала и лесно се чита, а преубава е и ќе ве натера да се запрашате…Што добивам јас од тоа што се срамам?

Остави коментар