КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае пролетната рамноденица на 21 март?

Како ќе ни влијае пролетната рамноденица почнувајќи од 21 март?

На 21 март нè очекува пролетната рамноденица. Овој ден претставува момент на рамнотежа, враќање во состојба на нулта точка поради изедначувањето на бројот на дневните и ноќните часови. Мартовската рамноденица исто така се совпаѓа со почетокот на сезоната на Овен, а бидејќи Овенот е првиот знак на Зодијакот, се смета и за почеток на астролошката нова година.rnrnКако ќе ни влијае пролетната рамноденица почнувајќи од 21 март?rnrnМартовската рамноденица ја најавува и пролетта, фокусирајќи се на обновувањето и создавањето рамнотежа. Во зависност од фазата во која се наоѓате во животот, ќе почувствувате желба да ги обновите вашите стари страсти или ќе добиете поттик да се повлечете во тишина и да се анализирате себеси.rnrnПрифатете каде сте и сфатете дека како што се менуваат годишните времиња, така се менуваат и вашите животни околности. Не заборавајте дека за време на оваа рамноденица во март 2023 година сè е можно бидејќи нема планети во ретроградно движење. Тоа значи дека универзумот ќе ни пружи силна енергија која ќе нè тера да одиме напред и да напредуваме.rnrnКакоНа 17 март, Марс, владетелот на Овенот и планетата поврзана со акција и мотивација, ќе ја напушти својата постретроградна фаза и ќе нè исполни со енергија. На 21 март нè очекува млада месечина во Овен што отвора неверојатни можности за нови почетоци и поставување цели.rnrnМладата месечина во Овен обично е еден од најдобрите периоди во годината за поставување цели. Оваа мартовска млада месечина во Овен ќе го отвори патот за енергиите на затемнувањето што ќе се случи следниот месец. Таа ќе ни помогне да се подготвиме за новото поглавје што е предодредено да се отвори.rnrnИскористете ја пролетната рамноденица за да ја апсорбирате позитивната енергија на рамнотежата. Искористете ја оваа енергија и за повторно да бидете стабилни, сигурни и целосни. Обидете се да внесете рамнотежа во вашата рутина, вашата исхрана и вашиот стил на живеење. Препознајте ги оние аспекти од вашиот живот кои се надвор од рамнотежа и потрудете се да воспоставите леснотија и хармонија во тие области.rnrnПоминувајте повеќе време во природа и сфатете дека се можни нови промени. Поставете ги вашите цели, визуелизирајте го она што сакате да го привлечете и останете отворени. Не заборавајте дека се можни промените за кои сонувате само доколку доволно се потрудите.rnrnОткако прочитавте за влијанието на пролетната рамноденица, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 2026 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs